Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Евро-турска игра на нерви

0
By Светлана Јовановска on May 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 15, 2016 10:02

[su_youtube url=”https://www.youtube.com/watch?v=RWJfjNPU7dw”]

Ердоган им оди на нерви на Европејците. Чувството е взаемно. И тие него го нервираат.

Турско-европската медена месечина започна со договорот за бегалците. Анкара почна да ги презема бегалците а Брисел великодушно вети дека ќе им дозволи на Турците без визи да патуваат во Шенген зоната. Европската комисија излезе со предлог за ослободување од визи. Но, со услов. И токму тој услов го налути Ердоган.

Европската унија бара измени на турскиот анти терористички закон. Таа смета дека Ердоган со неговото автократско владеење го користи законот за да затвора новинари и опозиционери.

Ердгоан се разбира не го дели овој став и не крие дека нема ни најмала намера да го исполни овој услов. Тој ја обвини Европа за хипокризија велејќи и – вие имате исти закони а сметате дека тоа за нас е луксуз. Е така не може!

Многу земји членки на Унијата овој безвизен режим за Турција го гледааат како зелено светло за наплив за турски граѓани во Европа. Тие со драго срце би му рекле на Ердоган да не се надева на ваков подарок. Особено сега кога турските власти не покажуваат голема почит за човековите права.

Анкара природно одлучи да извлече што поголема корист од европската неспособност да ја реши бегалската криза без турска помош. Ердоган нема да се задоволи само со безвизен режим. Тој бара да се забрза процесот на полноправно членство на Турција во Унијата. Многу земји членки имаат вистински уплав од вакво сценарио. Така, тешко стекнатата доверба помеѓу Турција и Унијата е под сериозна закана дефинитивно да се распадне.

Ако не добие безвизен режим, Анкара ќе му каже збогум на договорот за враќање на бегалците во Турција. Тоа би значело дека грчките острови повторно би почнале да се полнат со бегалци. Дека балканскиот пат повторно би бил активиран. А во Македонија повторно би се вратил притисокот на границата со Грција со сите немили сцени што тоа ги донесе. Нам ни е преостанува да стиснеме палци и да се надеваме дека Брисел и Анкара ќе најдат заеднички јазик.

бегалска криза ЕУ ЕУ хроника Јункер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.