Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европската цена на природниот гас паѓа, а Макпетрол го продава на државата за 50% поскапо – можно ли е поевтинување?

0
By Ана Василевска on March 10, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Цената на природниот гас на европските берзи доживеа нов пад. Според индексот ТТФ на најголемата европска берза за гас во Холандија, отсега за еден мегават час се тргува меѓу 41 и 43 евра. Во меѓувреме, компанијата Макпетрол која е увозникот на природен гас за месец март во земјава, го продава гасот на државата 20 евра поскапо, односно за 60,10 евра по мегават час без ДДВ.

Токму Макпетрол, како и телевизијата Телма, беа најголемите критичари на решението да се увезува гас по фиксна цена, иако ваквата одлука носи предвидливост на пазарот, што беше важен услов за властите.

Макпетрол дури реши и да не учествува на јавните повици, па оттука бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ се јавуваше како најповолен доставувач. Оваа компанија, но и Владата, беа цел на напади од страна на Макпетрол, но и медиуми, во кои се тврдеше дека нивната променлива цена е поприфатлива варијанта и дека државата ќе плати поскапа цени доколку ја одбере бугарската фирма. Во едно од своите соопштенија од Макпетрол дури истакнаа дека „секогаш кога постојат предизвици, компанијата е подготвена преку разговори да се стигне до решение кое што ќе биде издржано, односно чии евентуални недоследности нема да паднат на грбот на увозниците, но и на крајните корисници на природен гас во земјата“.

Па токму сега кога паѓаат цените на европските берзи за природен гас се отвора прашањето дали под притисок од јавноста и од Владата Макпетрол како општествено одговорна компанија (каква што се претставува) ќе се откаже од мал дел од својот профит и во услови на енергетска криза ќе застане позади граѓаните и компаниите корисници на гас?

Инаку, во февруари ЕСМ соопшти дека ќе набавува гас од Макпетрол за месец март, бидејќи домашната компанија на тендерот, понуди најповолна цена од 60,10 евра по мегават час без ДДВ. Станува збор за количини од 1.200 до 2.300 мегават часа гас дневно кои се наменети за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за стопанските субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ продажба. На тендерот, покрај Макпетрол, се јавија и компаниите „Балкан Јутилитис“ и „Акта ЕЛ“.

Од Макпетрол, пак, соопштија дека како општествено одговорна компанија се јавиле на тендерот на ЕСМ Продажба заради заштита на државниот буџет, кој, како што додадоа, со последните два тендера за набавка на гас за јануари и февруари бил оштетен од државната компанија ЕСМ, бидејќи биле склучени договори поради кои државата во јануари и февруари плаќала за овој енергенс и до 70% повисока цена од берзанската. Сега пак, со тоа што Макпетрол во месец март нуди повисока цена за мегават час од берзанската за повеќе од 30 проценти и со тоа остварува повисоки профити, се наметнува дилемата дали компанијата останува на зборот и дали можеби ќе се откаже од дел од заработувачката во полза на државата и граѓаните.

Инаку, во текот на 2022 година Макпетрол АД Скопје оствари позитивни резултати, односно солиден раст на приходите и на добивката, информираше компанијата преку Македонската берза.

Во текот на 2022 година Макпетрол оствари вкупен приход во износ од 37,6 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 15,13 милијарди денари, односно остварен е раст од 67,29%. Во структурата на приходите, најголем удел со 98,79% имаат приходите од продажба, од кои 93,33% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 5,46% се остварени преку продажба на странски пазар.

ЕСМ Макпетрол Цена на гасот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.