Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот ракометен првак падна во Скопје: Вардар го „однесе“ Кјелце

0
By Нова ТВ on November 12, 2016 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 12, 2016 20:03

Македонскиот машки ракометен првак го „разнесе“ европскиот. Вардар го доби Кјелце со 40:34 во дербито на шестото коло во Лигата на шампиони и го презеде врвот на табелата во групата Б. Победникот беше решен во вториот дел во кој „црвено-црните“ постигнаа 22 гола, а примија 16 по нерешените 18:18 на полувремето. Карачиќ беше прв стрелец на средбата со 9 погодоци, осум постигнаa Алекс Душабаев и Тимур Дибиров, Агинагалде, пак, го предводеше полскиот тим со осум гола.

Првото полувреме донесе неизвесен ракомет со многу пресврти. И Вардар и Кјелце имаа периоди со серија голови за меѓусебно бркање на семафорот. Воведот на средбата мина во знак на „црвено-црните“ кои имаа 3:1 на што гостите одговорија со 0:4 за водство. До средина на воведните 30 минути се играше гол за гол по што одново на сцена стапија момците на Раул Гонзалез. Се дадоа во ново ракометно бегство, „споија“ три реализации во низа, но Полјаците повторно стигнуваа и обезбедуваат приклучок во натпреварот. Таквата слика остана непроменета иако вардарци може да заминат на одмор ако ги материјализираа неколкуте интервенции на Штербик и беа поприсебни при одбиените топки од него на линијата од шест метри. Задоволство, сепак, имаше како најава за хепинед бидејќи домашните беа разноводни во нападот, се закануваа и пробиваа од секаде, преку крила, бекови, кружни напаѓачи.

Израмнета игра продолжи и во наредните 10 минути по враќање на терен. По нив, вардарци направија нови 3:0 и тргнаа во решавачко „одлепување“ од европскиот титулар. Концентрирани и презицни во нападот, ја „стегнаа“ одбраната, Штербик беше одличен на голот во тие моменти што го најавија падот на Кјелце чии ракометари почнаа да „исчезнуваат“ во СЦ „Јане Сандански“. Околу 48 минута веќе беше 33:27 за навестување во, можеби, нов дебакл на Полјаците во Скопје. Навраќање на ланските 34:24 дојде во последните шест минути кога македонскиот првак ги имаше најубедливото водство (37:29), па мечот во голем стил го приведе кон крај за петта победа во конкуренцијата и лидерска позиција со 10 бода, еден повеќе од Рајн Некар Левен кој го пречекува Вардар на 17 ноември.

Вардар – Кјелце 40:34 (18:18)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 6.000. Судии: Мирослав Бадура (Словачка) и Јарослав Ондогрецула (Словачка).

Вардар: Штербик, Милиќ, Стоилов /, Фереира Мораеш /, Македа 1, Деревен /, Карачиќ 9, Душебаев 8, Абутовиќ /, Кањелас /, Циндриќ 3, Чупиќ 2, Дибиров 8, Шишкарев 1, Борозан 4, Марсениќ 4. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 минути.

Кјелце: Шмал, Ивиќ, Рајхман 4, Кус 2, Агинагалде 8, Бјелецки 3, Јахлевски 1, Штрлек 2, Лиевски /, Јуркиевиц 5, Пасковски 2, Зорман 3, Бомбач 3, Ѓукиќ 1. Тренер: Талант Душабаев.

Седмерци: 6/9. Исклучувања: 4 минути.

Вардар Кјелце Лига на шампиони ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.