Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Фајненшл тајмс“: Можни се санкции за македонските лидери

0
By Нова ТВ on March 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските лидери ризикуваат санкции ако продолжат да го блокираат формирањето на новата влада и да провоцираат меѓуетнички конфликти, предупредуваат медијаторите на Европската унија кои работат на надминувањето на кризата во Македонија, пишува „Фајненшл тајмс“, цитирајќи го интервјуто на НОВА ТВ со Иво Вајгл.

Како што пишува весникот, Ѓорге Иванов, претседателот на државата одбива да му го даде мандатот на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Иванов, во сојузништво со Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија, го обвинуваат Заев дека сака да го поткопа суверенитетот на државата со тоа што на албанското малцинство му ветува поголеми права за употребата на јазикот.

Вајгл беше во посета на Македонија како дел од ЕУ делегацијата која помага во надминување на кризата. Тој вели дека ако ситуацијата се влоши, можеби ќе се употребат поинакви инструменти или санкции, како на пример финансиската помош.

“Фокусот на оваа ситуација дефинитивно се движи кон меѓуетнички проблем”, изјави Вајгл за НОВА ТВ.

Ова го потврдија и други официјални лица од Брисел, кои велат дека се размислува за санкции, пишува „Фајненшл тајмс“.

Како што е наведено во весникот, ова е втор пат Иванов да ризикува да се соочи со санкции. Првиот пат беше откако тој аболираше 56 лица затоа што се споменуваат во прислушуваните разговори, како можни осомнични за кривични дела.

Влада лидери мандат санкции фајненшл тајмс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.