Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФИФА ја казни Грција со 80.000 франци за „Нож, жица, Сребреница“

0
By Нова ТВ on December 19, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 19, 2016 19:56

Фудбалската федерација на Грција е казнета со 80.000 швајцарски франци за транспарентот „Нож, жица Сребреница“ што беше истакнат на трибините на стадионот во Пиреја за време на натпреварот со БиХ во квалификациите за СП 2018. Ова е само една од мерките што Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) го изрече денеска за неколку национални сојузи по ноемвриските мечеви во мундијалскиот циклус. По џеб се „удрени“ и фудбалските власти во Сараево за предизвикување на нереди и палење на факели на нивните навивачи во споменатиот меч.

Фудбалската федерација на Украина, пак, ќе мора да плати 60.000 швајцарски франци за, како што се вели, во образложението, навивање со дискриминациски карактер во пријателскиот натпревар со Србија во Харков. Иако не е наведена конкретна причина, сепак, ваквата одлука на ФИФА се поврзува со инцидентот пришто беше запалено српското знаме од група украински симпатизери.

Финансиски казни ФИФА изрече и за федерациите на Островот чии репрезентации го одбележаа „Денот на примирјето“ во чест на жртвите од Првата светска војна. И покрај јасната порака за забрана на истакнување на политички пораки за селекциите на Англија, Шкотска, Република Ирска, Северна Ирска и Велс, нивните фудбалери, сепак, излегоа со црн флор на ракавите и истакнаа цвет од афион на видео-бимови на стадионите.

Од таа причина Англичаните се казнети со 45.000 швајцарски франци, Велшаните и Шкотланѓаните со 20.000 франци, Северна Ирска со 15.000 франци, а Република Ирска со 5.000 франци.

казни квалификации за СП 2018 ФИФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.