Во седиштето на ОН во Њујорк претпладнево по локално време започна втората рунда преговор меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со медијаторо Метју Нимиц.

По вчерашните маратонски шестчасовни разговори, денеска се очекува тие да финишираат со изјава за тоа до каде се преговорите, имајќи предвид дека последно што е познато е одбивањето од страна на Грција да го прифати предлогот од македонската страна како решение – „Република Илинденска Македонија“.

Надежите на Македонија се да се дојде што побрзо до решение, со што ќе се отворат вратите за ЕУ и НАТО – самиот на ЕУ е во јуни од кој се олекува датум за почеток на преговорите, а оној на Алијансата во јули, кога Македонија очекува покана за членство.

Ѕанакопулос: Постојат политички и технички предуслови за договор

Министерот без ресор и портпарол на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос, пред денешната рунда преговори изјави дека постојат политички и технички предуслови за договор.

Во интервју за грчката телевизија Скај, то вели дека темите за кои се разгивара во Њујорк се ерга омнес, уставна ревизија и име од предлозите на Нимиц, пренесе МИА.

Сепак тој избегна да прогнозира каков би бил исходот од новата рунда разговори.

– Мислам дека постојат можности, постојат доста веројатности, но не можам во никој случај да го предвидам исходот на отворените преговори. Но, сметам дека постојат и политички и технички предуслови за да стигнеме до договор. Меѓутоа, ова зависи, не само од Грција, туку и од поранешната југословенска Република Македонија. Ние имаме поставено два предуслови на маса, ерга омнес и заемно прифатливо сложено име, рече Ѕанакопулос.

На прашањето за ставот на коалицискиот партнер во владата и лидер на Независни Грци, кој не прифаќа име со терминот Македонија, Ѕанакопулос вели дека позицијата на Каменос е веќе позната.

– Мислам дека треба да го почекаме договорот, доколку дојде, да ги видиме конкретните карактеристики и потоа сите политички сили да заземат став, објасни портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

Ципрас: Голема победа е да добиеме одредница пред „Македонија“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во Солун изјави дека во преговорите Атина не оди даде туку да земе нешто што е дадено пред 70 години од други.

– Се наоѓаме во преговори кои што се чувствителни, критични, направени се чекори напред. Ние одиме напред бранејќи една национална позиција и кога веќе се наоѓам во Солун, во Македонија, сакам да кажам, затоа што слушам некои што велат не го давајте името. Ние тука се стремиме да добиеме нешто назад, а не да дадеме нешто. Да земеме нешто што веќе 70 години е дадено, од други, не од нас, рече грчкиот премиер по средбата со солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, објаснувајќи дека соседната земја и во рамките на Југославија и по распаѓањето го користи името Македонија и „тоа без никаква друга одредница“.

Ципрас смета дека името без одредница, „упатува на античкиот грчки свет и на големото културно наследство на грчката Македонија“, а во преговорите Атина се стреми ова да го добие назад, нешто што според Ципрас, „не е лесно“.

– Тоа е оксиморонот, имаат државен ентитет што 70 години се вика Македонија, а немаат никаква врска со Александар Велики и со овој историски тек. Имаат словенски и албански корени и го признаваат тоа. Што значи, ако добиеме одредница пред името Македонија е голема победа и уште поголема да се договориме дека едно е нашата Македонија што доаѓа од долгата традиција на грчкиот антички свет, а друго е нивната традиција и нивниот културен знак, рече Ципрас потенцирајќи дека Грција ниту ја игнорира, ниту пак смета дека не постои нашата традиција или културно наследство, но дека се две различни работи.