Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финале во Лига Европа: Атлетико го демонтира Олимпик М. (Видео)

24
By Нова ТВ on May 17, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Атлетико Мадрид ја слави третата шампионска титула во Европа лигата, вкупно седма во меѓународните фудбалски купови. Популарните „јорганџии“ во 13. европско финале во клупската историја го совладаа Олимпик Марсеј со 3:0. Два гола за тимот на Диего Симеоне постигна Антоан Гризман (21. минута и 49. минута), третиот за потврда на победата на „Стад де Лион“ беше дело на Габи во 89. минута.

Составот од „Велодром“ беше, речиси, безопасен во мечот за трофејот. Обидите за загрозување на Облак во воведните и во завршните десетина минути беа премалку за промоција во прв француски претставник на тронот во натпреварувањето. Освен убедливиот пораз, Олимпик, а можеби и „триколорите“ за СП 2018, го загубија и Дмитри Паје кој поради повреда го напушти теренот со солзи во очите по пола час игра.

https://www.youtube.com/watch?v=PTb0AAhUG40

За моментно четвртопласираната екипа во Лига 1 ова е трет пораз во Лига Европа по 1999 година и во 2004 година и на тој начин на двата европски трофеја досега, во поранешниот Куп на европски шампиони (КЕШ) во 1993 година и во Интертото купот во 2005 година.

Гризман само деветти двоен стрелец во финалните мечеви

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман е само деветти двоен стрелец во финалните мечеви во Лига Европа или поранешниот Куп на УЕФА. Габи, пак, ја запиша првата реализација за Атлетико Мадрид по август во 2015 година, голот што го постигна во финишот на средбата во Лион беше негов прв за шпанскиот тим во УЕФА меч од 2011 година и воедно, со своите 34 години, стана највозрасен стрелец во финале во ЛЕ.

Атлетико со победата се придружи на Интер, на Јувентус и на Ливерпул со три трофеи во натпреварувањето во кое рекордер е Севилја со пет освоени пехари.

Антоан Гризман Атлетико Мадрид Лига Европа Олимпик Марсеј финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.