Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Finance Think“: Растот на БДП е резултат на масовната имунизација и на нормализацијата на економските текови

0
By НОВА ТВ Balaban on September 6, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 6, 2021 15:42
Оттаму предупредуваат дека неизвеноста во економијата повторно е зголемена во третиот квартал поради четвртиот бран од пандемијата и дека остануваат на проекцијата за раст на БДП од 4,1 процент годинава.

Растот на Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал од годинава е резултат на отпочнувањето на масовната имунизација на населението и на нормализацијата на економските текови, оценува „Finance Think“ во најновиот извештај за макроекономските показатели за вториот квартал од годинава.

Неизвеноста во економијата, предупредуваат оттаму,  повторно е зголемена во третиот квартал поради четвртиот бран од пандемијата, а остануваат на проекцијата за раст на БДП од 4,1 процент годинава.
– Иако се очекува дека мерките за спречување на ширењето на коронавирусот од август 2021 ќе имаат ограничен, неповолен ефект врз економијата, сепак неизвесностите кај најпогодените дејности се сé уште нагласени, велат од „Finance Think“.
Во најновиот извештај за макроекономските показатели за вториот квартал од годинава, од „Finance Think“ наведуваат дека високиот раст во вториот квартал е остварен на ниска споредбена основа од вториот квартал од 2020, во кој пандемијата го имаше првиот и најсилен удар на економијата.
– Според дејности, ударот пред една година беше најсилен врз трговијата, сместувањето и послужувањето храна, и транспортот, како резултат на што и растот во вториот квартал од 2021 е најголем во овие дејности – 46 проценти. Растот кај останатите дејности е значајно помал, со исклучок на индустријата, која порасна за 11.4 проценти, наведува „Finance Think“, додавајќи дека ваквиот раст на БДП во вториот квартал се должи и на растот на бруто инвестициите, извозот и увозот кои во голема мера зависат од капацитетите во ТИРЗ зоните.
Како резултат на олабавувањето на мерките за спречување на ширењето на вирусот и продолжените ефекти од владините мерки за поддршка на доходот на граѓаните, според „Finance Think“, се бележи раст и на приватната потрошувачка од 12,9 проценти, додека растот на јавната потрошувачка – 2.9 проценти е генерално на патеката на консолидација по големата експанзија во 2020.
Според „Finance Think“, падот на невработеноста е значајно забавен, како резултат на враќањето на пасивизираното население на пазарот на труд, а благото зголемување на вработеноста упатува на понатамошна стабилизација на пазарот на труд.
– Сепак, во вториот квартал, евидентно е губењето работни места во преработувачката индустрија (околу 4,000 во однос на К1-2021), транспортот (3,500) и хотели и ресторани (1,000), што укажува дека растот на додадената вредност во најпогодените дејности не е проследен со креирање работни места, оценува „Finance Think“.

 

„Finance Think“ БДП економските текови имунизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.