Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Флоренци по дебаклот на Рома: Ќе пуштиме крв на дресовите за финале

0
By Нова ТВ on April 25, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 25, 2018 14:00

Рома е пред нова потера по три гола минус во фудбалската Лига на шампиони. Закажана е за наредната среда (20.45 ч.) на стадионот „Олимпико“ во кој пред две недели падна големата Барселона во четвртфиналниот реванш. Пленот што „волчицата“ ќе го демне на римското „ловиште“ е Ливерпул во меч чиј влог е финале. Калчолигашот избегна дебакл на „Енфилд“ со два гола за само четири минути во финишот на средбата откако прими пет од Мохамед Салах и компанија и одржа каква-таква надеж дека би можел до уште една сензација.

„Ќе се држиме до она што го направивме во четврт-финалето. Се е можно. Наша обврска ќе биде да се обидеме, пред се, за луѓето кои ја сакаат Рома. Единствената разлика од искуството со Барселона е што несреќно го загубивме првиот меч“, рече Даниеле де Роси, капитен на римјаните, за „Спорт Медиасет“.

Искусниот фудбалер за врска признава дека Рома тотално ја снема на „Енфилд“ на половина час што резултира со пет сурови казни од „црвените“ што, дотолку, не беше случај на „Камп Ноу“.

„Тотално бевме на „црна линија“, но, сепак, остануваме на три гола. Ливерпул е на исто ниво како и Барселона и верувам дека можеме да направиме нешто што веќе сме успеале да направиме“, додаде Де Роси.

Верба за Киев е присутна и кај неговиот соиграч и заменик капитен, Алесандро Флоренци, кој истакна дека Рома, колку-толку, се извлече во Ливерпул.

„Половина час бевме изгубени, речиси мртви, но не нè убија. Со срце и гордост успеавме барем пристојно да го завршиме натпреварот. Ќе биде тешко во реваншот меѓутоа ќе сториме максимум за анулирање на негативата. Нè очекува потешка задача одошто беше случај против Барселона, но ќе пуштиме крв на дресовите за да играме финале“, порачува Флоренци.

Возвратниот меч меѓу Рома и Ливерпул е на 2 мај во Рим. Премиерлигашот има 5:2 од првата средба на „Енфилд“.

Алесандро Флоренци Даниеле де Роси Лига на шампиони Рома фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.