Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФОТО И ВИДЕО Потрагата по Петар продолжува, и утре ќе се пребарува Црна Река

0
By НОВА ТВ Balaban on March 7, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема терен каде не е пребарано наоколу од селото. Максимално сме анагижирани во потрагата, нашите екипи се вклучија уште од 1 март. Останува  утре да се истражи уште еден дел од Црна Река, чие течение нуркачите од Велес го пребаруваа во саботата , но ништо не пронајдоа, изјави Ибрахими за НоваТВ

Потрагата по 10-годишниот Петар Џобоски продолжува и утре. Екипа од Дирекцијата за заштита и спасување од Велес ќе ја пребарува Црна Река, во делот којшто завчера не беше истражен, ни изјави Севгани Ибрахими, раководител на одделението  за организациски работи во Дирекцијата за заштита и спасување.

Петар исчезна пред 10 дена од домот во прилепското село Врбско, во минатиот петок попладне, од кога трае и потрагата по детето. Викендов нуркачи од тимот од Велес, заедно со другите спасители од службата Златоврв, ДЗС, МВР и други,  го пребаруваа течението на Црна Река.

– Нема терен каде не е пребарано наоколу од селото. Максимално сме анагижирани во потрагата, нашите екипи се вклучија уште од 1 март. Останува  утре да се истражи уште еден дел од Црна Река, чие течение нуркачите од Велес го пребаруваа во саботата , но ништо не пронајдоа, изјави Ибрахими за НоваТВ.

Претходно, спелеолозите од службата Златоврв влегоа и во окно од напуштениот рудник „Партизанка“, коешто е длабоко 70 метри.

– Во рудникот немаше никакви траги, а без резултат беше и потрагата на Црна Река која ја пребарувавме завчера, а која, поради временските услови, беше надојдена. Потрагата продолжува и утре, ни рече Дарко Неданоски, спелеолог и раководител на спасителната служба Златоврв од Прилеп.

Над 100 членови на полициски екипи, од војската, Дирекција за заштита  и спасување, ловџии, спасителни служби, пожарникари, трагаат веќе 10 дена по детето.

Основното јавно обвинителство од Прилеп во минатата недела отвори предмет за исчезнатото дете, а сослушани биле родителите на Петар и неговиот постар брат.

Потрага по Петар по течението на Црна Река (ФОТО: Служба Златоврв)

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2022/03/video-1646658952.mp4

( Извор: Дирекција за заштита и спасување и служба Златоврв)

(Љ.Б.)

ДЗС Златоврв МВР Петар потрагата продолжува ќе се пребарува Црна река
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.