Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фото+видео) Изиграни 17 семејства во Карпош, им ги срушиле куќите, становите уште ги нема

0
By НОВА ТВ Terziova on June 17, 2022 ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четириесетина граѓани на Карпош со двочасовна блокада на булеварот „Теодосиј Гологанов“ побараа да се донесе Деталниот урбанистички план (ДУП). Велат дека повеќе од пет години живеат под кирија бидејќи куќите им се срушени од инвеститор кој на нивните имоти требало да гради згради. Целиот процес застанал откако поранешните градоначалници Богоев и Шилегов го укинале ДУП-от од 2016 година и оттогаш не е донесен нов.

Горан Ѓоргиевски, станар на Тафталиџе1 за НоваТВ вели дека куќата му била  срушена пред година и шест месеци и покрај тоа што се уште немало одобрение за градба на зграда. Му било ветено дека наскоро ќе му бидат доделени станови, но тоа не се случило.

„Во 2013 година потпишавме договор и дојдовме до фаза до пред градење, но во тоа време имаше избори и функцијата ја презема Стефан Богоев. Беше поништен ДУП-от, а околу нашиот простор се изградија многу згради на местото каде што беше празен простор. ДУП-от беше прекинат со изговор дека не бил на огласна табла. Иако беше најавено дека ќе се донесе нов ДУП за 4 месеци, не се донесе ни во наредните 4 години“, вели Ѓоргиевски.

Како што вели тој проблемот е и во инвеститорот и во Општината. Срушена била и неговата нова куќа, а сега живее под кирија чекајќи подобро утре. Нивните згради не почнале да се градат бидејќи воделе преговори со инвеститорите, за кои е потребно време бидејќи сопственици се повеќе семејства.

„Во меѓувреме во 2016 година со жалби и поплаки се договоривме да започне процедурата. Од Министерство за транспорт и врски велеа дека се е во ред, но кога поднесувавме во Општината имаше проблем.  Дојдовме до фаза каде инвеститорот доби одобрение за подготвителни работи. Не чекајќи да се одобри целата административна процедура, пред да има одобрение за градба се премина во фаза на рушење на куќите. Срушена беше и мојата нова куќа. Сега 17 семејства живееме под кирија, а излез не гледаме никаде“, дополнува Ѓоргиевски.

Уште еден загрижен граѓанин кој се уште не е иселен вели дека живее со мали деца а неговата куќа се распаѓа и во пределот околу фабриката Алумина во моментов воопшто не е безбедно за живеење. Покрај неубавите услови за живот почнале да бидат и стражари за сопствените имоти, вели тој.

„Сета оваа мака додека не допре до советот на Општината ние нема да престанеме со протестот и со искажување на нашето незадоволство. Ова више не се издржува, крајно е безобразно.  До лани градоначалник немавме, советот беше добар, сега градоначалник имаме што ги разбира нашите маки, но советот не е добар, односно гледаат преку нашите маки што нив најверојатно не ги засегаат да си купат политички поени од останатите граѓани на општина Карпош“, вели тој.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски вели дека граѓаните од него имаат поддршка, но тој не може да го реши проблемот затоа што ДУП-от треба да помине во совет на Општина Карпош. Според него советниците преку урбанистичките планови се пресметувале со него.

„Порано не беше вообичаено плановите да се решаваат со советниците, сега на работни средби понудувам повеќе варијанти, јас ги прашувам нив како да им помогнеме на луѓето они молчат. Тие преку плановите се пресметуваат со мене, но во тоа не успеваат. Така страдате вие, не јас. Јас барам да ми дадат автентично толкување од парламент. Не е работата предлогот да се донесе на седница, да не се изгласа и да пропадне. Има советници за кои Општината е  тастатурата пред нив и не ги интересираат вашите маки“, изјави Стевчо Јакимовски на средбата со засегнатите граѓани.

Во Советот на Општина Карпош СДСМ има 8 советници, ВМРО-ДПМНЕ 7, Левица 4 и по два советника имаат ГРОМ и независната советничка група „Независни за Карпош“.

Маја Терзиова

градба ДУП Македонија Скопје Стевчо Јакимовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.