Рафаел Надал ќе добие признание на Ролан Гарос. Организаторите на вториот гренслем во сезоната решија да му оддадат почест на Шпанецот во форма на статуа во парискиот тениски комплекс за неговите девет досегашни победи на турнирот на земја, подлога на која по 1о пати ги освојуваше и Монте Карло и Барселона и седумпати Рим.

„Рафа ќе добие своја статуа на Ролан Гарос. По сè што стори досега, не можете да не го направите бесмртен“, порача претсдеталот на Тениската федерација на Франција, Бернар Гудичиели.

Статуи во Париз имаат Сузан Леглан по која е именуван и вториот, по капацитет, терен во рамки на комплексот како и нејзините четворица колеги Жан Боротр, Жак Бруњоа, Анри Кошет и Рене Лакост.