Претседателските избори во Франција кои треба да се одржат утре се претворија во референдум за членство во ЕУ и употребата на еврото во земјата, пишува „Вол стрит Журнал“.
Но, за гласачите кои пред себе имаат избор од 11 кандидати, секоја одлука зависи од мноштво секојдневни грижи, од зголемување на вработеноста до заштита на државата после серија на терористички напади.
Новинарите од „Вол стрит Журнал“ направиле теренска посета и интервјуирале повеќе од 80 гласачи во 12 градови и села во државата. Резултатите кои ги добиле, покажале јасна слика за најдлабоката политичка поделба во Западна Европа.
Во урбаните места, вработените барале кандидати кои ќе се залагаат за поправање на ЕУ, делувајќи од внатре, со цел да ја зајакнат а не да ја растурат.
Во руралните и индустриските региони каде е највисока невработеноста луѓето биле поотворени за подрастични решенија: како напуштање на ЕУ со надеж дека националистичките економски политики ќе вратат просперитет.