Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фрчкоски: Преспанскиот договор како модел за решавање на спорови

0
By Нова ТВ on April 6, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Професорот Љубомир Фрчкоски во Отворено Студио на 1ТВ ја анализира идеолошката позадина на изборните слогани на претседателските кандидати. Тема на разговор беше и Договорот од Преспа, неговото евентуално ревидирање, како и причините за заложбата за широка владина коалиција до приемот во ЕУ. Според него, идејата за надпартиски кандидат е сомнителна демократска идеја.

„Тие се интересни ако ги анализирате. Блерим Река има интересна парола која е граѓанска. Го избегнува терминот „Македонија“ и со тоа дава шанса сите да се еднакви, парола што би одговарала на Силјановска од 1992 година кога беше либералка. Втората парола на Силајновска Давкова е отворено националистичка, во принцип една милитаристичка парола во која индивидуата треба да е жртва на повисоките вредности на државата. Не знам во случајов во која одбрана повикува. Пендаровски е блед во првото соочување. Слоганот е неутрален во основа, не е „комуњарски“. Има граѓански аспект. Не е впечатлив, но е најнеутрален и најпригоден“, рече Фрчкоски.

Во однос на соочувањето на кандидатите за претседател, Фрчкоски смета дека е потребно тие да ги искажат своите ставови јасно, а потоа да полемизираат со противникот.

„Не можев да го гледам целото соочување, бидејќи се изнервирав од манипулациите на кандидатите. Беше интересно како ќе се снајдат. Река силно ја изложи својата концепција. Силјановска беше голем манипулатор, притоа неискреноста и свесното лажење за тоа што ќе направи на неколку поенти, помина како жртва на Македонецот кој се бори против неправдата, со ветување дека ќе го поништи Договорот и дека ќе го врати името. Изгледа скандалозно, лажно и невозможно. Во таа смисла да ветиш нешто, а да знаеш дека не можеш ништо е манипулација. Пендаровски беше импресиониран од својата постара колешка и имаше една тактика да поставува прашања кои неа треба да ја стават во незгодна ситуација. Кандидатот треба да ги каже своите ставови јасно и цврсто, а потоа да полемизира со слабостите на противникот“, смета Фрчкоски кој беше кандидат за претседатрел на изборите во 2009 година.

Него, како што рече, посебно го нервира одбивниот став кон Преспанскиот договор.

„Мислам дека е неприфатливо од Пендаровски да го третира Договорот во насока дека не можеше подобро. Тоа е губитнички став. Тој е одличен договор кој може да го продавате како формула на решавање на спорови. Ако ги прашате вмровците каков подобар договор би направиле, тие немаат одговор, туку дека не би правеле договор. Тоа не е договор. Ги слушавме на телефон како се договараат, тоа беше пазар. Договорот ваков-каков што е ни ги решава проблемите кај афирмација на јазикот и националноста, која претходно не се договарала. Тој е маестрано направен. Кај името е посебен скандал. Ние сме биле и народна и федеративна, тоа не го менува карактерот на нацијата. Потребно е тој да се афирмира“, коментира професорот.

Неделава во фокус беше средбата Заев – Ципрас во Скопје. Фрчкоски истакна дека со право се нарекува историска средба и дека оваа информација беше пренесена од сите релевантни светски медиуми. Според него темата за поништување на Договорот од Преспа е апсурдна, а претседателот на државата не може ништо да направи во оваа насока.

„Темата е апсурдна, фрлан на маса поради ноќните соништа на вмровците и нивната реторика, со која се обидуваат со се за да нема реперкусии по изборите. Тема би била овој Договор да го продадеме како модел на решавање со дипломатски средства, како тој договор би бил основа за Нобелова награда. Претседателот на државата не може ништо да направи за негово поништување“, заклучи Фрчкоски.

Блерим Река Гордана Силјановски-Давкова Договор избори кандидати Љубомир Фрчкоски Преспа Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.