Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ: Функционерите на Груевски ги узурпираат институциите

0
By Нова ТВ on April 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 11, 2016 10:13

Според ФРОДЕМ, Емил Димитриев, кој противправно бил поставен во позиција на времен премиер, го суспендирал Договорот од Пржин со тоа што поништува поединечни акти и одлуки.

– Владата на Република Македонија, согласно Уставот на РМ, и одлуката за распуштање на парламентот е во оставка. Тоа значи дека таа врши само технички работи се до изборот на новиот парламент и новата влада. Дополнително со ваквото дејствие се прекршува договорот од Пржино со што директно се влошува стабилноста на земјата, реагира ФРОДЕМ.

ФРОДЕМ го потсетува Зоран Заев како лидер на опозицијата дека министрите кои се поставени согласно договорот од Пржино не се негови министри, ниту на СДСМ, туку се министри кои произлегоа од големото народно и граѓанско собирање од 17 мај 2015 година.

– Овие министри и заменици министри се гарантори на елементарната безбедност на граѓаните од режимот, а воедно треба да создадат услови за одржување легални избори. Сите политички тактизирања за оставки на министрите и жалбите за „држење во заложништво на министрите“ ги сметаме за целосно непотребни, се вели во реакцијата на ФРОДЕМ.

Оттаму сметаат дека дополниелниот технички министер на МВР, М.Чавков е неуставно и незаконски избран. Полицаец не смее да биде министер на чело на МВР односно  мора да има цивилно министерско раководење и контрола врз безбедносните сили, а улогата на други дополнителни министри, како на К.Наумов, е суспендирана затоа што не се почитува неговата несогласност со одлуките за енормното задолжување на земјата донесувани од министерот Ставревски, кои се незаконски.

ФРОДЕМ реагира и дека Трајко Вељаноски веќе нема функција претседател на Собранието и неговиот потпис правнички не значи ништо.

– На сите ни е јасно дека Груевски се плаши од легални, фер и демократски избори и дека услови за такви избори не се создадени! Изборите од 2011 наваму се целосно спорни во легална и демократска смисла! Преземената обврска за прочистување на избирачкиот список како и досегашните преговори за слободата на медиумите по навика се третираат како „тоалетна хартија“. И затоа и департизацијата на државата стана една голема ролна „тоалетна хартија“!, се вели понатаму во реакцијата.

Влада Груевски избори ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.