Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ФРОДЕМ: Пратениците да ја корегираат одлуката за распуштање

0
By Нова ТВ on April 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ФРОДЕМ преку соопштение ги повикува пратениците „да покажат доблест и храброст и да се приклучат на пратениците во корекција на донесената одлука за распуштање“.

Според ФРОДЕМ тоа во најмала рака подразбира: разграничување на државата од партиско-политичкото одлучување, легитимност на законите и политичките одлуки, институционализација и владеење на правото, доследно почитување на начелото на поделба на  власта, решавање на политичкиот конфликт според начелата на демократијата, дијалогот и толеранцијата и постигнувањето консензус меѓу клучните политички фактори.

Кон ова треба да се надоврзе целосната реализација на преземените обврски од договорот од Пржино, а особено прочистениот избирачки список и слободата на медиумите и медиумскиот простор.

– Сите граѓани во Република Македонија се сведоци на подолготрајното бесплодно политичко манипулирање наместо преземање на одговорност во спроведување на вистинска демократија, ред и поредок, односно еднаковост на граѓаните пред законите и пред државните институции.

Ни се случуваат опасни суштински пореметувања на политичкиот, правниот и економскиот систем, кои ја претворија предимензионираната држава во тоталитарна, во ненароден државаен бирократски апарат, кој се повеќе да се потпира врз присилба и репресија, а нејзините институции во формална мимикрија на инструменти кои ги спроведуваат партиските налози, се наведува во соопштението.

Од ФРОДЕМ сметаат дека доколку не се создадат услови  и доколку не се гарантира дека изборите ке бидат кредибилни и веродостојни, „пратениците и платениците имаат обврска да не дозволат и понатаму со огромно малцинство од вкупното гласачко тело, кое се движи нешто над 20%, да се воспоставува авторитарно владеење, да се донесуваат какви се сакаат закони и одлуки, без грижа за нивниот легитимитет и за уставно загарантираните интересите на останите 80% од населението“.

– Ваквото суспендирање на уставниот поредок и на основното уставно начело на граѓански суверенитет, каде што човековите слободи и права се алфа и омега, отвори простор за дивеење на идеолошки, националистички и други колективни манипулации. Овие брутални суспендирања на поредокот популистички се оправдувани со “повисоки” интереси на  народот, нацијата или државата, соседски закани и слични опасни лаги и манипулации, а паралелно е воспоставен систем на организиран парадржавен криминал односно целосна симбиоза и препокривање меѓу државата и организираниот криминал, велат од ФРОДЕМ.

избори распуштање Собрание ФРОДЕМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.