Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, Куп на Македонија: Четврто финале за Шкендија и за Пелистер

0
By Нова ТВ on April 19, 2017 СПОРТ
Фото: Skendija/Facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 19, 2017 20:46

Шкендија и Пелистер ќе играат во финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. Предноста (3:1) што тетовци ја понесоа од „Телеком арена“ по првиот дуел со скопските „црвено-црни“ се покажа како доволна во реваншот. Вардарци попладнево возвратија со 1:0 што, сепак, беше недоволно за меч за титула. Дарко Велковски го реши победникот под Шара во 61 минута.

Играч на натпреварот беше голманот на Шкендија, Марко Јовановски кој со своите интервенции не дозволи втора радост за лидерот на првенствената табела. А, ги имаше неколку преку Боарето, Блажевски, Барсегјан и Којашевиќ, но втор гол изостана. Двата тима цел час играа со 10 фудбалери по исклучувањата на капитените Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров во 32 минута.

Пелистер, пак, во реваншот ја совлада Брегалница со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Бразилецот Лукас Фереира Кардозо во 80 минута. Првиот дуел во Штип заврши без победник 2:2.

Финалето во Купот на Македонија е закажано на 17 мај. За Шкендија ќе биде четврто по двата пораза (2006 година и во 2013 година) и ланската победа над Работнички со 2:0. И пелистерци трипати досега играа за пехарот и го освоија еднаш во 2001 против Слога Југомагнат со 2:1. Во 1993 година загубија од Вардар со 1:0, во 1994 година од Силекс на пенали со 4:2.

Куп на Македонија Пелистер фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.