Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, квалификации за ЛШ: Малме како вардарова трета среќа

0
By Нова ТВ on July 12, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар посакува, пред се, добра игра за резултат што ќе биде предуслов за уривање на проклетството на македонски претставник во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) што трае повеќе од една деценија и се однесува на минување на квалификациска препрека. По АПОЕЛ (сезона 2015/16) и Динамо Загреб (сезона 2016/17), „црвено-црните“ вечерва (19 ч.) на „Сведбанк“ арена во Малме му гостуваат на истоимениот домаќин во првиот меч од второто филтер коло.

Тренерот Гоце Седлоски изрази респект за Малме, но истовремено порача дека вардарци пристигнаа на самиот шведски југ по исход за активен реванш на „Младост“ во Струмица и добивање на двомечот со клубот што беше лансирна рампа за Златан Ибрахимовиќ.

„Тука сме за добар резултат. Подготвени сме за предизвикот што нè очекува. Ќе играме, веројатно, пред полни трибини што ќе бидат од големо значење за противникот, но имаме и ние репрезентативци со многу настапи во нозете пред голем број гледачи. Последните две годин бевме блиску да минеме преку второто коло меѓутоа не успевавме. Ова е трета шанса за, конечно, да одиме натаму. Имаме голем респект за Малме. Ова е, сепак, само прв натпревар. Двомечот ќе биде решен во реваншот“, изјави Седлоски на официјалната прес-конференција пред вечерашниот меч.

Три победи, седум реми и десет порази и билансот на Вардар во досегашните 20 одиграни средби во ЛШ и поранешниот Куп на европски шампиони. Вкупната гол-разликата е негативна и гласи 23:34, биланс што се очекува да биде поправен низ двомечот со Малме.

Правда на „Сведбанк“ во Малме вечерва ќе дели судиски тим од Исланд на чело со Торвалдур Арнасон. Негови асистенти ќе бидат Јохан Гудмундсон и Гилфи Мар Сигурдсон.

Лига на шампиони/квалификации/2 коло, први мечеви

Денеска играат

Спартакс Јурмала (Летонија) – Астана (Казахстан)

АПОЕЛ (Кипар) – Диделанд (Луксембург)

Хапоел Бер Шева (Израел) – Хонвед (Унгарија)

Малме (Шведска) – Вардар (Македонија)

Шериф Тираспол (Молдавија) – Кукс (Албанија)

Зрињски (БиХ) – Марибор (Словенија)

БАТЕ Борисов (Белорусија) – Алашкерт (Ерменија)

Мариехам (Финска) – Легија Варшава (Полска)

Жалгирис (Литванија) – Лудогорец (Бугарија)

Жилина (Словачка) – Копенхаген (Данска)

Дандалк (Република Ирска) – Розенборг (Норвешка)

Хафнарфјордур (Исланд) – Викингур (Фарски Острови)

Вардар квалификации Лига на шампиони Малме фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.