Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: Севилја му пресуди на Манчестер Ј., Џеко го урна Шахтјор

0
By Нова ТВ on March 13, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Севилја и Рома се придружија на Јувентус, Манчестер сити, Реал Мадрид и Ливерпул во четврт-финалето во фудбалската Лига на шампиони.

Шпанскиот состав од Андалузија го елиминира Манчестер јунајтед по вечерашниот триумф на „Олд Трафорд“ со 2:1. Сите три гола на „театарот на соништата“ беа постигнати во второто полувреме пришто централна фигура беше Бен Једер.

Францускиот интернационалец беше двоен стрелец за тимот на Винченцо Монтела. Првиот шок за домашните фанови го приреди во 74 минута, го повтори и четири минути подоцна за еуфорија меѓу стотиците фанови кои допатуваа на Островот да ги бодрат нивните миленици. Ромелу Лукаку успеа на намали во 84 минута, но време за пресврт на „црвените ѓаволи“ немаше. Првиот меч на „Рамон Санчез Пискуан“ заврши без голови.

„Волчицата“, пак, го доби двомечот со Шахтјор благодарение на минималната победа на „Олимпико“ со 1:0. Стрелец на единствениот погодок за составот на Еузебио ди Франческо беше Един Џеко во 52 минута. Украинскиот состав остана со човек помалку на тревникот во последните десетина минути по исклучувањето на Ордетс што дополнително ја отежни мисијата на клубот од Доњецк кој славеше во првата средба со 2:1.

Четвртфиналниот октет во ЛШ ќе биде комплетиран утревечер со реванш дуелите меѓу Барселона и Челзи, односно, Бешикташ и Баерн Минхен. Воведниот меч од шпанско – англиската пресметка заврши без победник (1:1) додека бундеслигашот го декласира турскиот ривал со 5:о на „Алијанц арена“.

Лига на шампиони

Осминафинале, реванш мечеви

Манчестер јунајтед – Севилја 1:2 (0:0)

Рома – Шахтјор 1:0 (1:2)

Во заграда се резултати од првите средби

Утре играат

Бешикташ – Баерн Минхен (0:5)

Барселона – Челзи (1:1)

Един Џеко Лига на шампиони Манчестер Јунајтед Рома Севилја фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.