НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, У21: Милевски селектор до 2019 година, деби повик за Ѓорѓев

0
By Нова ТВ on September 27, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Благој Милевски останува на кормилото на младата фудбалска репрезентација на Македонија и во наредните две години. Предводникот на последната генерација во У21 што го направи најголемиот успех со пласманот на Европското првенство во Полска ја продолжи соработката со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) до 2019 година и покрај неколкуте понуди за ангажман во странство.

„Уште две години ќе бидеме заедно. Имав понуди од странство, но моја проценка е дека не е моментот да заминам сега“, истакна Милевски.

Милевски го соопшти и списокот на фудбалери за претстојните дуели против Србија (6 октомври во Скопје) и против Гибралтар (10 октомври во Португалија). Покани се упатени до 22 играча од кои двајца (Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев) ќе играат само во мечот против северниот сосед за потоа да бидат отстапени на селекторот Игор Ангеловски во А тимот за дуелот со Луксембург во квалификациите за СП 2018. Дебитантска доби Душан Ѓорѓев кој брани за екипата на Оклахома во САД.

„Пред нас е Србија, селекција која, според мене, е фаворит во групата за пласман на завршниот турнир. Има поединци кои настапуваат во најсилните европски лиги како Јовановиќ, Груиќ и Гаиќ и ќе мора максимално сериозно да ѝ пристапиме. Системот на игра го немаат променето од Европското првенство во Полска. Но, квалитет покажавме и ние во изминатиот период и верувам дека соодветно ќе одговориме на предизвикот“, нагласи селекторот.

Собирот на младата селекција е закажан на 1 октомври кога ќе биде одработен и првиот тренинг. Мечот со Србија е пет дена подоцна на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ при ФФМ. Македонија одлично го започна новиот циклус со триумф на гостувањето во Ерменија со 3:0.

Список на фудбалери во младата репрезентација за дуелите со Србија, односно, Гибралтар во квалификациите за ЕП 2019

Голмани

Филип Илиќ (Ганѕасар/Ерменија)

Боби Целески (Македонија Ѓорќе Петров)

Душан Ѓорѓев (Оклахома/САД)

Одбрана

Давид Атанаскоски (Академија Пандев)

Алекс Симоски (Акрополис/Шведска)

Костадин Чешмеџиев (Академија Пандев)

Алекса Амановиќ (Јавор/Србија)

Јован Попзлатанов (Пелистер)

Стефан Костов (Ренова)

Бесарт Кривањева (Шкупи)

Среден ред

Лиридон Иљази (Ренова)

Тихомир Костадинов (Ружомберок/Словачка)

Енур Тотре (Шкендија)

Давор Здравковски (АЕЛ/Кипар)

Никола Кулески (Сиднеј/Австралија)

Елиф Елмас (Фенербахче/Турција)

Напад

Петар Петковски (Вардар)

Емил Абаз (Спартак Суботица/Србија)

Бобан Георгиев (Силекс)

Селмани Ремзифаик (Ујпешт/Унгарија)

Даниел Крезиќ (Одеволд/Шведска)

Никола Ѓорѓев (Твенте/Холандија)

Благоја Милевски Договор Македонија репрезентација список У21 фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.