Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фуере: Силно граѓанско општество за одговорна влада

0
By Нова ТВ on July 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фокусирајќи се само кон технократските аспекти на реформите, без притоа да се работи на самите причини за назадувањето и таквиот развој на настаните во сферата на владеењето на правото и фундаменталните права, како и демократските стандарди, ЕУ дава впечаток на неконзистентност и недостаток на долготраен стратегиски пристап.

Исто така ги игнорира постојаните повици од граѓанскиот сектор во земјите кои бараат поинклузивен пристап од ЕУ кога е во прашање Балканот, анализира Ерван Фуере, поранешниот евроамбасадор во Македонија во својот коментар осврнувајќи се на Западен Балкан и ЕУ.

– Владеењето на правото е во средиштето на процесот на проширување на ЕУ уште од 2011 година. Во својата Стратегија за проширување, усвоена во 2015 година, Европската комисија вели: „Клучните прашања како владеењето на правото, фундаменталните права, зајакнувањето на демократските институции, реформите во јавната администрација како и економскиот развој и конкурентност остануваат клучни приоритети во процесот на проширување“. Во изјавата на Бизнис форумот на Западен Балкан, организиран како дел од самитот во Париз, комесарот Хан го потенцираше ова кога точно зборуваше за владеењето на правото и економскиот развој, нотира Фуере.

Тој дополнува дека сепак во Завршната декларација објавена на три страници владеењето на правото е споменато само во една реченица, и притоа се поставува прашањето дали на ЕУ и е поважна генералната стабилност, и смета дека останатите прашања треба сами по себе да се решат.

– Една од клучните лекции изминативе години е приказот дека без ефективно владеење на правото и одржување на демократските стандарди, економските реформи ќе имаат лимитирано влијание. Од нив малкумина ќе имаат бенефит, а поголема ранлива група, особено младите луѓе ќе бидат извисени, заклучува поранешниот претставник на ЕУ во земјава.

Според него, особено важно е, особено за земји како Македонија, да имаат стабилен граѓански сектор кој ќе придонесе за политички одговорна влада, и која ќе служи како промотор на реформите во општеството.

Граѓански сектор, вели Фуере, кој во моментов како во Македонија, така и во другите земји од регионот, е под постојана закана и под режим каков што е оној на Путин во Русија.

– Неуспехот да се вклучи граѓанското општество во договорот постигнат под медијаторство, само ќе ја продолжи агонијата наместо да донесе мир, заклучува тој, мислејќи на долгата политичка криза и постигнатиот Пржински договор.

Македонија политичка криза Фуере
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.