Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Ѓаволски“ Манчестер: Мурињо добива 200 милиони евра за засилувања

0
By Нова ТВ on April 2, 2018 СПОРТ
Фото: manutd.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 2, 2018 15:37

Управата на Манчестер јунајтед го отвора сефот за летниот преоден рок на задоволство на Жозе Мурињо. Ако Португалецот лани потроши 150 милиони евра на засилувања, оваа година ќе биде почастен со дополнителни 50 и за шопинг за наредната натпреварувачка сезона ќе располага со вкупно 200 милиони евра.

Менаџерот на Манчестер Ј. веќе ја има скроено листата со трансферни цели, но и со оние на кои нема да смета во иднина. Намера на „специјалниот“ е да направи „ѓаволски“ добар тим што ќе биде конкурентен на градскиот ривал Сити за титулата во Премиерлигата. За таа цел, според заменик директорот Ед Вудфорд, челниците на Јунајтед ќе покажат финансиска великодушност и ќе одобрат средства за принови од кои се очекува да ја зголемат моќта на гигантот од „Олд Трафорд“.

Британски „Сан“ ги објави и пиковите на кои ќе се фокусира Мурињо по завршување на сезоната. Меѓу желбите на Португалецот, според медиумот, се Жоржињо од Наполи, Алекс Сандро од Јувентус, Ектор Белерин од Арсенал и Тоби Алдервилд од Тотенхем. На излезна врата, пак, се Дели Блинд, Матео Дармијан, Маркус Рохо, Крис Смолинг и Фил Џонс.

Манчестер јунајтед моменто е втор на табелата во Премиерлигата со 68 бода, дури 16 помалку од лидерот Манчестер сити, и на „Олд Трафорд“ се свесни дека борбата за титулата е завршена работа. „Црвените ѓаволи“ се соочија со елиминација и во Лигата на шампиони по осминафиналниот двомеч со Севилја, па единствена шанса за трофеј гледаат во ФА купот, натпреварување во кое ќе играат против Тотенхем во полуфиналето.

буџет Жозе Мурињо Засилувања Манчестер Јунајтед фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.