НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хаџи Јанев: Одлуката на Финска за НАТО членство е легитимна, но голема е и опасноста од нуклеарна војна

0
By Sashko on May 13, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опасноста од нуклеарна војна меѓу Западот и Русија е голема, изјави универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев за НоваТВ. Таквиот негов став доаѓа по одлуката на финските власти за аплицирање на земјата за членство во НАТО, без одлагање, што беше примена со гнев во официјална Москва. Пред повлекување на идентичен потег се наоѓа и соседна Шведска што дополнително ја усложнува можноста за скорешно решение за деполаризација, крај на војната во Украина и излез од кризата во која западна светот по 24 февруари и почетокот на „специјалната воена операција“ на Русија.

„Одлуките на Финска и на Шведска да побараат членство во НАТО се легитимни и во согласност со меѓународното право. Како суверени држави, тие имаат право да барат членство во организации или да носат одлуки за излегување од нив. Истото е ускладено и со Повелбата на Обединетите Нации (ОН). Доколку тоа се прифати во НАТО, тука ќе нема проблем“, вели Хаџи Јанев.

Според него, комплексноста на прашањето, сепак, е во противењето од земја која таквите одлуки, барем наративно досега, ги смета за закана за нејзината стабилност и безбедност.

„Иронично е што таа земја, во конкретниот случај Руската федерација, не е членка на НАТО. Уште повеќе што одлуките на Финска и на Шведска да пристапат во НАТО се последица на нивната несигурност од Русија за задржување на статусот на неутрални држави кој, внимавајте, сè уште го имаат како резултат на воспоставените правила и принципи. Ако се знае дека Русија му пркоси на меѓународниот поредок со кој не се согласува, особено со доминацијата на либералниот свет, тогаш јасно е дека ваквата одлука ги поларизира спротивставеностите. И тоа може да биде точка за нарушување на состојбата за барање на решенија за спор по мирен пат“, коментира универзитетскиот професор.

Воени маневри, хибридно војување, субверзија…

По одлуката на Финска што ја соопштија претседателот Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин дојде експресна реакција од Русија дека ќе следува одговор (во неколку наврати во изминатиот период се споменуваа инсталации на хиперсонични ракети во енклавата Калининград). Бројни светски аналитичари веднаш почнаа со предвидување на идните чекори на рускиот претседател Владимир Путин пред кого, според нив, се три опции – воени маневри, хибридна војна и субверзија.

„Од она што досега го видовме во пракса, Путин е решен да примени вонредни мерки, како употреба на сила, за да го операционализира својот план за промена на сегашниот меѓународен поредок. Украина е првиот таков чекор и се надеваме последен. Тоа, според реториката на официјалните руски претставници, требаше да биде предупредување за Западната демократија дека црвените линии на Русија се прегазени“, истакнува Хаџи Јанев.

Во исто време, вели тој, Западот до одредена мерка покажа воздржаност кон екстремните мерки кои Русија реши да ги употреби во Украина. Една од одредените екстремни мерки кои, пак, Западот можеше да ги примени, според Хаџи Јанев, е распоредување на свои сили на територијата на Украина, на пример во Лвов, како противодговор на руската закана со трупање на сили пред почетокот на инвазијата.

„На тој начин, во пракса, да применеше екстремна опција на теоријата на одвраќање, ќе пратеше јасен сигнал до Русија дека намерите на либералната демократија е да го зачува овој поредок кој очигледно и пречи на Русија. До тоа не дојде, а Русија реши да влезе во Украина и го прави тоа што го прави и на начин како го прави“, анализира тој.

Теоријата на одвраќање спречи нуклеарен конфликт во периодот на Студената војна

За НАТО, според Хаџи Јанев, нема гаранции дека Русија во наредните пет-шест години нема да бара повлекување на Алијансата од Балтикот, Романија или Бугарија, како што немаше гаранции по окупацијата и анексијата на Крим дека ова во Украина нема да се случи.

„Да се разбереме, теоријата на одвраќање како концепт спречи нуклеарна војна заради тоа што двата табора (Истокот и Западот) за време на Студената војна се убедија себе си психолошки дека и едните и другите се решени да употребат екстремни мерки ако дојде до тоа и дека имаат и потенцијал, и капацитет и решителност за такво нешто. Во конкретниот случај, колку и да звучи милитантно и нехумано, најверојатно се движиме кон таа позиција на висок набој на поларитет кој ќе биде ставен во еквилибриум. Само што тука има едно големо НО. Тоа е дека теоријата на одвраќање е позитивна ако лидерите се пресметливи“, нагласува Хаџи Јанев.

Во тој контекст, продолжи тој, се направени голем број на истражувања, особено во поновата историја и тоа во контекст на недржавните актери – во глобалната војна против тероризмот, како и за симулирани ситуации за потенцијални конфликти преку сајбер просторот.

„Теоријата на одвраќање се покажа како најфункционална кога станува збор за ситуација во која двете страни се државни субјекти – држави кои имаат територија, население и материјални добра за кои им е важно. Единствен предизвик во таквите ситуации е претпоставката дека лидерите ќе бидат разумни и пресметливи. Прашање е што ако не се? – Што доколку едната страна, и покрај убедувањата дека судир е неисплатлив, реши да оди на таа опција?“, ни рече Хаџи Јанев.

Колективната европска и светска безбедност, според Хаџи Јанев, генерално не би требала да биде загрозена, став што го темели врз основа на теоријата на колективните системи за безбедност.

„Идејата е дека колективната безбедност, како либерален концепт, би водела кон тој перпетуален мир-идеја која е Кантовска во суштина. Сепак, тоа е проблематично во пракса. Но, одговорот на ова може да се бара и преку контрапрашање – дали имаат алтернатива или опција на ова? – Тоа упатува на дилемата од претходно, како Западот да знае дека Путин ќе запре тука? – Според сите изјави и однесувања во изминатите години, Русија е решена да дејствува на ниво кое е егзистенционално за западната демократија“, заклучи Хаџи Јанев во разговорот за НоваТВ.

Сашко Димовски

НАТО Русија Финска Хаџи Јанев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.