Ламберто Заниер, Генерален секретар на ОБСЕ утре и задутре ќе дојде во посета на Македонија.
Според најавите, се очекува Заниери да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии.
Заниер на први март преку социјалната мрежа „Твитер“ изрази загриженост поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање влада.
„Загрижен сум поради развојот на настаните во Скопје. Владеењето на правото мора да надвладее. Следната недела ќе го посетам Скопје и ќе имам средби со претставници на власта, лидери на политичките партии и со претставници на граѓанското општество. Резултатите од декемвриските избори се цврста основа за формирање влада што ќе ги застапува интересите на сите граѓани“, напиша Заниер на „Твитер“.