Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Георгиевски: Имав документ дека Стојменов земал провизија од продажбата на Стопанска банка

0
By Нова ТВ on June 30, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 30, 2020 09:43

Имаше еден документ кој укажуваше дека екс министерот за финансии, Борис Стојменов земал провизија од приватизацијата на Стопанска банка и истиот го предадов на Никола Груевски, рече екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, а сега лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во емисијата „Во центар“. Меѓутоа документот не бил отворен во јавноста и притоа изрази сомневање дека истиот, како што рече, е употребен за купување на ТВ Канал 5.

„Борис Стојменов стана министер за финансии и демонстрира мал реформски капацитет. Меѓународниот Монетарен Фонд и Светската Банка се жалеа од него. Кога дојде реконструкција на владата на крајот на 1999 година, му реков Борис гледаш и самиот дека не ја бива работата. Го сменив Стојменов за да го ставам Никола Груевски по што ми стана најголем непријател, а тие двајца си правеа бизниси. Имаше еден документ што го обезбедив кој упатуваше дека Борис Стојменов земал провизија за приватизацијата на Стопанска Банка. Груевски не го отвори во јавноста, но мислам дека го има употребено при купувањето на ТВ Канал 5 за време на неговото владеење“, истакна Георгиевски во дел од интервјуто.

На ваквото негово тврдење досега нема реакција ниту од Стојменов, ниту од Груевски. Љубчо Георгиевски беше премиер на Владата во периодот од 1998 година до 2002 година. Министри за финансии за време на неговиот мандат беа, најпрво Борис Стојменов беше министер за финансии, а потоа и Никола Груевски.

„Во центар“ Борис Стојменов интервју Љубчо Георгиевски Никола Груевски приватизација провизија Стопанска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.