Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Герила акција: Марсовци скенираат и се борат против корупцијата во Македонија

0
By Marija Todorovska on November 26, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Центарот за современи уметности САС со нова урбана герила акција „Марсовци скенираат и се борат против корупцијата во Македонија“ .

„ Вчера и утрово во соработка со сојузот на уметници, активисти и волонтерски антикорупционери од планетата Марс извршивме скенирање на нивоата на корупција во  РСМ односно во неколку клучни  институции. Нашите почитувани гости кои го вршеа мерењето беа вчудоневидени и загрижени како е можно воопшто да функциоинираме со толкави ниво на корупција и истакнаа дека земји со вакво ниво на корупција имаат сретнато само на сончевииот систем  зулу 456 (преведено значи систем неисполнето ветување)  која се наоѓа на 46.74.98 степени и 784 светлосни години од соѕвездието ZH213/dc9b727/3 или за нас познато како соѕвездие Магеланов облак“, изјавуваат од Центарот. 

Тие велат дека оваа активност е спроведена со оглед на фактот дека буџетот на РСМ за 2025 година ќе биде 6.5 милијарди евра и корупцијата во наредниот период скапо ќе не чини.

Од Центарот ги посочија и препораките кои ги добиле од нивните Марсовски голеги за намалување на корупцијата:

  1. Сентенцата „Јас само да прашам“ додека се чека на шалтер е првиот чекот кон корупцијата и мајка на сите проблеми на граѓаните со институциите.
  2. Секоја работа која не може да се заврши за еден ден ќе се заврши за еден месец .
  3. Да не се правиме Итар пејо во комуникација со институциите бидејќи институциите се полни со „паши и апаши“.
  4. Кога влегуваме во институции гласно да ја пееме песната Мито бекријо која функционира како своевидна вакцина против мито и корупција.
  5. Ако некој ни побара мито да го удриме по глава со третиот камен од сонцето и да го пријавиме во антикорупциска комисија и МВР.
  6. Посериозно да ги сватиме препораките на ЕУ бидејќи тие се креирани во соработка со интергалактичкиот совет на нашата галаксија Млечен пат која пак најубаво се гледа од нашата опсерваторија во Кокино на 9ти декември односно 13 дена пред зимската краткодневица.
  7. На докторите да почнеме да им носиме шеќер бидејќи кафе имаат за до 2085 светлосна година.
  8. Да поченеме да купуваме подароци и за учителите за 8ми март или да престанеме да купуваме и за учителките.
  9. Наместо сваровски накит на судиите и обвинителите да им купуваме накит на своите сопруги, девојки и партнери односно  рибарски прибор на своите сопрузи и партнери.
  10. Да се избориме власта/државата  да треба да докаже дека ние не сме во право, наместо ние да докажуваме дека сме во право.
  11. Државата на шалтери да поставува исклучиуво административци со важечко лекрско уверение кои знаат барем најголем дел (мин.85%) од буквите од Кириличната и Латиничната азбука.
  12.  И најважно од се кога ќе се разбудиме сабајле да си кажеме себе си „Со силата на Бога, Хрисотс, Мухамед, Петокраката и универзумот можно е да има живот и вон партиите и свесно ќе се борам против корупцијата, нема да давам и да примам мито бидејќи моите внуци можеби ќе имаат шанса да живеат во нормална држава.

„На крајот дозволете да додадеме дека по интензивно скенирање марсовците успеаа да пронајдат и некорумпирани или минимално корумпиурани институции (НБРМ, Министерство за одбрана, Државен завод за ревизија, Природонаучен музеј… ) и во знак на среќа го изиграа Марсовскиот танц кој на тие институции ќе им даде нова космичка енергија да продолжат професионално и совесно да си ја вршат својата работа и да служат на граѓаните“, велат од Центарот за современи уметности САС.

 

герила-акција Корупција марсовци центар за современи уметности САС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.