Лидерот на германските социјалдемократи (СПД), Мартин Шулц се откажа од планот да биде министер за надворешни работи на Германија со цел да не ја загрози новата владина коалиција.

Шулц е критикуван внатре во својата партија.

„Објавувам дека нема да бидам дел од федералната влада и во исто време искрено се надевам дека ова ќе стави крај на дебатите внате во СПД“, изјави Шулц.

Социјалдемократите треба да раководат со шест министерства во новата влада на Ангела Меркел, меѓу кои Министерството за финансии и Министерството за надворешни работи.

Против негоа номинација на чело на германското МНР се луѓе од партијата која тој ја води.

Преговорите за владина коалиција се водеа четири месеци, а во средата веќе беше постигнат и договор.

СПД ќе има можност да ја гласа новата Влада а резултатите ќе бидат познати на 2.март.