Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија: Судир меѓу полицијата и лица во карантин во Гетинген

0
By Нова ТВ on June 21, 2020 СВЕТ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 21, 2020 19:05

Германските власти во Долна Саксонија и во Северна Рајна Вестфалија денеска ја повикаа полицијата да помогне во спроведувањето на карантинските мерки по наглиот пораст на новозаразени со коронавирусот во тие региони. Најмалку осум полицајци притоа се повредени во немирите што избувнаа во станбен блок во Гетинген во Долна Саксонија каде во карантин се ставени околу 700 луѓе.

„Околу 200 луѓе се обидоа да излезат надвор, додека 500 од нив ги почитуваа мерките за карантин“, рече денеска Уве Лириг, началник на полицијата во Гетинген.

Полициските службеници биле повредени кога станарите почнале да ги гаѓаат со шишиња и со метални шипки, додаде тој.

И во Северна Рајна Вестфалија властите ставија во карантин 6.500 работници на кланицата „Тенис“ и членови на нивните семејства, бидејќи над 1.000 вработени во овој германски концерн се заразени со Ковид-19. Премиерот на покраината Армин Лашет ги повика конзуларните претставници на Полска, на Бугарија и на Романија да ангажираат преведувачи за да ги убедат работниците да ги почитуваат новите мерки за карантин.

„Вработените и нивните семејства живеат во 1.300 станбени единици каде мора да провериме дали се почитува карантинот“, рече тој, додавајќи дека помага и локалната полиција.

Тој додаде дека на луѓето треба да им се објасни дека доколку се заразени, не треба да бараат да се вратат во нивните матични земји, туку дека ќе ја добијат најдобрата здравствена заштита во Германија.

Германија Карантин Ковид-19 полиција судир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара оставка од Славески поради аферата Алта банка: Граѓаните се соочуваат со ограничен пристап до сопствените пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Истрагата за финансиската мрежа доби нов пресврт

November 2, 2026

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.