Во Германија во последните 24 часа е забележан рекорден број на новозаразени со ковид-19 од почетокот на пандемијата. Институтот „Роберт Кох“ регистриран 50.196 случаи на инфекцијата што претставува прво минување на прагот од 50.000.

Досегашниот рекорд беше евидентиран на 18 декември лани кога имаше 33.777 заболени. Канцеларката Ангела Меркел оцени дека текот на вирусот во земјата е „драматичен“.

Во последните 24 часа починаа 235 лица. Од почетокот на пандемијата, Германија пријави 4,6 милиони случаи на ковид-19, а нешто над 67 отсто од Германците се вакцинирани против болеста.