НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германија во континуитет бара разрешница на кризата во Македонија

0
By Нова ТВ on May 12, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Германското МНР, амбасадата на Германија во Скопје,  амбасадорката Алтхаузер и министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, се само дел од низата начини преку кои  Германија од почетокот на политичката криза во земјава во континуитет испраќаат јасни сигнали дека политичарите мора да изнајдат решение за излез од ситуацијата.

Две години од почетокот на политичката криза, Германија одлучи да испрати и специјален претставник во Скопје, Јоханес Хајндл, кој денеска уште еднаш ги повтори ставовите на Германија дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи.

– Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот.“ посочи Хајндл денеска.

На неговата агенда се средби со лидерите на четири политички партии – потписнички на Договорот од Пржино, како и со амбасадорот на САД и другите амбасадори на ЕУ – земјите.

Освен политичката криза, по одлуката на претседателот Иванов за колективна аболиција, Германија побара  брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегоа од одлуката.

„Сојузната влада е длабоко загрижена за најавата на македонскиот Претседател на државата, проф. Ѓ. Иванов, на 12 април 2016 година. Очекуваме, принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни.  Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Освен тоа, Сојузната Влада се надева на брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегуваат од најавата на Претседателот на државата“ стоеше во соопштението на германската Влада веднаш по одлуката за аболиција.

Објавувањето на серијалот „бомби“ поврзани со масовното прислушување на граѓаните, склучувањето на политичкиот договор во Пржино, политичката криза се причини поради кои Германија во неколку наврати и минатата година упатуваше сигнали до Македонија дека на кризата треба што поскоро да се стави крај.

Уште на почетокот на 2015, германската амбасада за Дојче Веле напомена дека Сојузната Влада е мошне загрижена за судирот меѓу Владата на Груевски и опозициската СДСМ кој ескалира.

„Овие сериозни обвинувања треба да се расветлат преку фер и транспарентни правнодржавни постапки според меѓународните стандарди. Заради кривичното гонење на Зоран Заев и други обвинети, функционирањето на демократската опозиција е неизвесно. Македонските установи се повикани да ги истражат сериозните обвиненија против претставниците на опозицијата на фер и транспарентен начин и во согласност со меѓународните стандарди, кои секако ја вклучуваат и пресумпцијата на невиност. Независноста на судството и на институциите за кривично гонење мора да биде обезбедена. Сојузната Влада, исто како и нашите европски партнери, со големо внимание ќе го следи понатамошниот развој“ посочија тогаш од германската амбасада.

Оттаму повикаа македонските институции на фер и транспарентен начин и во согласност со меѓународните стандарди да се справат со предизвиците на кои се изложени, бидејќи никој не може да ја преземе таа задача наместо нив.

Во мај 2015, веднаш по кумановските настани, амбасадорите на САД, Франција, Италија, Велика Британија, Европската Унија  како и Германија упатија остра порака до Владата во која се вели:

– Ги изразивме нашите грижи до премиерот дека неговата Влада не направи прогрес во контекст на многу од обвинувањата кон Владата кои произлегоа од прислушувањето. Ова континуирано непреземање на дејствија фрла сериозен сомнеж врз посветеноста на Владата на Македонија за демократските принципи и вредности на евроатланската заедница.Постојаниот неуспех да се демонстрира оваа посветеност со конкретни дејствија ќе го наруши прогресот на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.

Исто така ги изразивме нашите очекувања што се однесува на прислушувањата кои откриваат неприфатливо однесување, потребни се соодветни политички и правни мерки за одговорните со цел да се постапи по слабостите на институциите кои се видливи од прислушувањето. Бараме Владата да размисли за специфични реформи, вклучувајќи го интегритетот на изборниот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, слободата на говорот и заштита за тн. „протекувачи на информации“.

Истиот месец минатата година,во земјава пристигна уште претставник на германското МНР.

Специјалниот делегат за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во министерството за надворешни работи во Германија – Ернст Рајхел тогаш се сртена со министерот Бесими и министерот Попоски, како и лидерот на ДУИ – Али Ахмети и опозицискиот лидер Зоран Заев.

Рајхел тогаш  истакна  оти посетата е со цел да се даде поддршка на земјата, но посочи дека Владата мора да одговара за многуте обвинувања за сериозни владини нерегуларности кои излегоа на површина.

Следуваа и соопштенија на Сојузната Влада која по кумановските настани ги повикуваше на сплотеност  граѓанките и граѓаните од сите етникуми во Македонија.

– Во преден план треба да биде решавање на кризата што трае веќе со месеци. За ова е неопходно темелно и транспарентно  соочување со содржината на обвинувањата произлезени во рамки на објавените прислушувани телефонски разговори. Освен тоа, потребни се системски реформи за повторно да се стекне довербата во демократските институции на државата. Напорите на ЕУ за посредување ја имаат нашата потполна поддршка, стои во соопштението на германската амбасада од 22 мај 2015.

Веднаш потоа и германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер со денешните преговори на ЕУ – комесарот Хан со четирите македонски партиски претседатели  во Скопје изнесе:

„Би било штета, а и чекор назад за целиот регион на Западниот Балкан, доколку политичката криза во Скопје, која трае извесен период, би го отежнала натамошниот пат на земјата  кон евроатлантските структури. Но, тоа не смее да биде последниот збор.

Затоа ги повикувам сите страни сега да приидат еден на друг и да учествуваат на денешните преговори на комесарот Хан со цел да се надмине кризата и да се одржат избори кои на сите им обезбедуваат исти можности.“  рече Штајнмаер.

По потпишувањето на Пржинскиот договор, во кој меѓу другото политичките лидери договорија со посредство на меѓународната заедница договорија и формирање на Специјалното јавно обвинителство, од амбасадата на Сојузна Република Германија соопштија дека имаат големи очекувања во врска со именувањето на специјалниот обвинител на 15 септември.

– Ова именување претставува важна обврска од споменатите договори, бидејќи специјалниот обвинител треба да обезбеди независна, транспарентна и сéопфатна правна разрешница на обвиненијата за тешките престапки кои произлегуваат од телефонските снимки. Само на тој начин веродостојноста на институциите на земјата, кои се соочуваат со тешки обвиненија, повторно може да биде вратена. Амбасадата очекува дека специјалниот обвинител ќе може да ги врши своите надлежности во рамките на потполна автономија, која му е гарантирана од страна на партиите со договорот од 15 јули и да има пристап кон сите материјали, кои се релевантни за неговите истраги. Излез од политичката криза е можен само со потполна и навремена имплементација на сите чекори усогласени во договорите, стои во соопштението од септември 2015.

Во заедничка изјава потоа, а во името на САД, Германија, Италија, Велика Британија, Франција и ЕУ, амбасадорите соопштија дека од ВМРО-ДПМНЕ бараат да не ги одложуваат неопходните реформи за излез од кризата, бидејќи, како што сметаат амбасадите сите влади имаат особена одговорност при политичка криза.

– Во петокот се сретнавме со Груевски и ја изразивме нашата разочараност што не се почитуваа роковите до 20.октовмри од Договорот во Пржино за новите министри. Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да ја покаже потребната посветеност и да го имплементира договорот на конструктивен и неопходен начин и со добра волја. Верувамe дека тоа е најдобриот излез од политичката криза. Од Груевски бараме да го охрабри својот тим за да се финализира Договорот за нерешените прашањa, рече Герет, напоменувајќи дека тие се потребни за изборите кои ќе треба да бидат признаени од релевантните фактори дома и надвор, во април следната година., стоеше во заедничката изјава на амбасадорите.

Веднаш потоа, Рајхел, уште еднаш во Скопје го истакна разочарувањето и загриженоста на Сојузната Влада за имплементацијата на спогодбата од Пржино.

„Како и петте амбасадори во својата изјава од 27 октомври 2015 г. во Скопје, д-р Рајхел исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ мора да ја покаже потребната волја и најбрзо што може конструктивно да ги спроведе Спогодбите од 2 јуни и 15 јули 2015 година“ посочи меѓу другото Рајхел.

Тој истакна дека СДСМ мора и понатаму да се однесува конструктивно и да се придржува до обврските преземени со спогодбата од Пржино, особено да не објавува понатамошни снимки од телефонски разговори.

Две години подоцна, Хајндл во Скопје повторно ќе се сретне со потписниците на Пржинскиот Договор. Какво ќе биде влијанието на Хајндл во услови кога трите партии потписнички – СДСМ, ДУИ и ДПА најавија бојкот на изборите на 5 јуни, останува неизвесно.

 

Германија избори Македонија политичка криза Пржино Хајндл
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.