Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германските социјалдемократи најавуваат коалиција со Меркел

1
By Нова ТВ on November 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 25, 2017 13:38

Висок претставник на германската социјал-демократска партија СПД денеска изјави дека партиското членство најверојатно ќе го одобри формирањето на нова, трета широка коалиција со Ангела Меркел.

Партискиот лидер Мартин Шулц вчера ја отвори можноста за влез во нова широка коалиција, но најави дека СПД претходно ќе ги консултира своите членови за оваа можност. Во интервју за весникот „Пасауер Ное Пресе“, членот на извршниот одбор на СПД Нилс Анен оцени дека членството веројатно ќе се согласи на уште една таканаречена ГроКо (голема коалиција).

Главниот отпор на коалицирањето со Меркел доаѓа од младото крило на партијата, но Шулц најави дека ќе очекува овие политичари да бидат верни на одлуката што ќе биде донесена од членството.

СПД забележа драматичен пад на популарноста под раководство на Зигмар Габриел и Мартин Шулц, во периодот на широката коалиција со партијата ЦДУ на Меркел од 2013 до 2017 година. Ова беше втора широка коалиција на партиите кои треба да се главните противници на германската политичка сцена откако Меркел стана канцелар во 2005 година. На изборите во септември, СПД освои 153 места во Бундестагот, дури 40 помалку отколку на изборите во 2013 година. Шулц соопшти дека падот на популароноста на неговата партија се должи на губењето на партискиот идентитет во улогата на помал коалициски партнер на Меркел и рече дека СПД ќе оди во опозиција.

Но, Меркел исто така загуби многу места во Бундестагот, на сметка на националистичката партија АФД и на либерал-демократската партија ФДП. Поради изборниот дебакл, СПД Меркел се обиде да формира коалиција со ФДП и со Зелените, но преговорите пропаднаа поради непомирливоста на ставовите со ФДП.

Стравувајќи дека нови избори ќе доведат до уште поголем подем на партијата АФД, која свои 94 пратенички места и при своето прво влегување во Бундестагот веднаш стана трета политичка сила во Германија, претседателот Франк Валтер Штајнмаер предложи средба меѓу ЦДУ и СПД и нова „ГроКо“ коалиција.

Германија коалиција Меркел СДП Шулц
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.