Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гибралтар како тренинг: Македонија тргна со победа во Лига на нации

0
By Нова ТВ on September 6, 2018 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија со победа ги започна настапите во УЕФА Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ се оправдаа како фаворити и рутински го совладаа Гибралтар со 2:0 во воведниот меч во групата 4 во Д конкуренцијата. Победникот на стадионот „Викторија“ беше решен уште во првото полувреме со головите на Иван Тричковски во 19-та минута и на Езџан Алиоски во 35-та минута.

Избраниците на Игор Ангеловски доминираа во текот на сите 90 минути и по деветти пат во низа завршија како непоразени. Имаа целосна контрола на теренот и не дозволија ниту трошка надеж на домашните да се понадеваат на можно изненадување. Голманот Столе Димитриевски вечерва остана без работа, Горан Пандев одигра едно полувреме и на паузата остана во соблекувална, откако работата беше очигледно дека е завршена по пола час игра.

Јасна беше определбата на селекторот да не ризикува со евентуална повреда или, пак, да го троши капитенот пред неделниот меч со Ерменија во Скопје. Нешто подоцна од игра ги повлече и Александар Трајковски и Енис Барди, па минутажа во вториот дел добија Илија Несторовски, Елиф Елмас и Егзон Бејтулаи во мечот што дојде како посилен тренинг за македонската фудбалска репрезентација.

Во вториот меч во групата, Ерменија во Ереван славеше над Лихтенштајн со 2:1. Ерменците со нам добро познатите Хенрик Мкитарјан, поранешниот вардарец Хофханес Хамбарѕумјан и сè уште актуелниот член на „црвено-црните“, Тигран Барсегјан во недела од 18 часот ќе гостуваат на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Лига на нации

А лига

Група 1: Германија – Франција 0:0

Б лига

Група 1: Чешка – Украина 1:2

Група 4: Велс – Република Ирска 4:1

Ц лига

Група 3: Норвешка – Кипар 2:0, Словенија – Бугарија 1:2

Д лига

Група 1: Летонија – Андора 0:0, Казахстан – Грузија 0:2

Група 4: Гибралтар – Македонија 0:2, Ерменија – Лихтенштајн 2:1

Гибралтар Лига на нации Македонија фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.