Саудискиот принц Мохамед бин Салман е подготвен да издвои четири милијарди фунти за купување на Манчестер јунајтед. Вносната понуда од Ријад го привлече вниманието на светските медиуми кои фокусот го насочуваат кон семејството Глејзер во чија сопственост е премиерлигашот од „Олд Трафорд“.

Американците го презедоа менаџирањето на „црвените ѓаволи“ во 2004 година за сума од 790 милиони фунти. Оттогаш одбија неколку обиди за отстапување на мнозинскиот пакет на акции, но овојпат се ставени пред, навистина, големо искушение со оглед на богатата понуда на Бин Салман што ќе значи астрономски профит за нив.

Богатството на саудиското кралско семејство се проценува на 850 милијарди фунти. Негови претставници и лани покажаа интерес за купување на Манчестер јунајтед, се водеа и интензивни преговори за англискиот клуб, но контактите беа замрзнати поради сомнежите за вмешаност на Мохамед бин Салман во дипломатски скандал по убиството на новинарот Џамал Кашоги.