Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ: Немав квалитет и континуитет во играта и психолошка свежина

0
By Нова ТВ on November 4, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 4, 2016 22:26

Новак Ѓоковиќ е свесен за поразот во четвртфиналето во Париз и можните последици, го прифаќа и нагласи потреба од извлекување на поуки. Признава дека недостасувал квалитет во неговиот тенис, дека Чилиќ бил подобар и заслужено победил.

„Имав моменти во кои играв добро, но и многу осцилации поради недостаток на психолошка свежина во важните моменти. Тоа е последица на врвното ниво од последните неколку години што ме исполнуваше и ми причинуваше задоволство, но и ме исцрпи. Недостасуваше континуитет во играта за што сум свесен. Составен дел е од мојот живот и кариера“, рече Ѓоковиќ по елиминацијата од Чилиќ.

Фото: telegraph.co.uk
Фото: telegraph.co.uk

Хрватскиот тенисер славеше со 6:4, 7:6 и го оневозможи Ѓоковиќ да го брани тронот во Париз. И првото место на АТП листата е сега загрозено, но не е загубено. Ќе биде ако Мареј се пласира во финале за што му треба победа, најпрво, против Чехот Томаш Бердих, а потоа и над подобриот од мечот меѓу Цонга и Раониќ.

„Свесен сум дека останатите тенисери минуваат многу време во анализи на мојата игра и бараат начин како да ме победат кога сум во привилегирана позиција. Таа од тој аспект е неблагодарна бидејќи дополнително ги мотивира противниците. Ми преостанува да гледам напред, да го прифатам ова што се случи и да извлечам поуки“, коментира српскиот тениски ас.

Фото: tennisflash.net
Фото: tennisflash.net

Ѓоковиќ признава дека ппо промените што  му се случија во приватниот живот не е истата личност од пред неколку години.

„Останав на турот, играм тенис, имам амбиции што се врзани за највисоки цели во нашиот спорт. Натпреварите на грендслем турнирите предизвикуваат најголема мотивација. Имам многу работи што сакам да ги постигнам, но свесен дека е неможно да се реализираат ако немам квалитет во играта, континуитет и психолошка свежина. Моментно работам на нив и ако успеам да воспоставам рамнотежа и да се организирам себеси и мојот живот, убеден сум дека нештата ќе одат на подобро“, истакна сè уште водечкиот на АТП листата и во тој контекст продолжи:

„Со причина сум во ваква ситуација. Свесен сум исто така дека не може постојано да победувам. Тоа е некој вид на транзиција во животот на спортистите, каде имам прилика да се издигнам на повисоко ниво, да видам што значи иднината за мене како тенисер и човек. На 17 -18 години имав поинакви амбиции и визии отколку сега и во рамки на нив мора да се прилагодам“.

Новак Ѓоковиќ

Освојувачот на 12 гренслем титули од кои шест на Австралија опен, три на Вимблдон, две на Ју-Ес опен и една на Ролан Гарос наведе дека тенисот е голем дел од неговиот живот, но и дека не му е се.

„Приоритет? – Постојат разлики меѓу животните и тениските. Тенисот не ми е се во животот. Приоритет ми е да бидам среќен, да имам мир, да бидам исполнет со радост, среќа и љубов од најблиските. Потоа доаѓа тенисот кој сочинува поголем дел од мојот живот, нешто што ме радува и се додека имам инспирација да играм и додека го следам текот на турот ќе бидам каде што и сум во моментот“, е порака што Ѓоковиќ ја испрати од „Берси“ во Париз.

На крај заклучи дека Роже Федерер и Рафаел Надал влијаеле на него како тенисер.

„Влијаеја на мое оформување како тенисер, но не и како личности. Јас сум свој човек. Напредував низ мечевите со нив, извлекував поуки, поради нив станав ментално силен и способен за натпревари на највисоко ниво долги години бидејќи поставија високи стандарди. Тие се поинакви луѓе, со поинакви визии во животот. Морам да се оградам од тоа. Јас имам свој правец“, заврши Ѓоковиќ.

 

Мастерс Новак Ѓоковиќ Париз тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.