Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гол на Чупиќ за пукотници во Скопје: Вардар ја освои ракометната ЛШ

0
By Нова ТВ on June 4, 2017 СПОРТ
Фото: ehffinal4.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вардар е сукцесор на Кјелце на тронот во Лигата на шампиони на ЕХФ. „Црвено-црните“ по голема борба во финалето во Келн го совладаа ПСЖ со 24:23 за најголемиот успех во клупската историја и воопшто на македонскиот машки ракомет. Тимот од СЦ „Јане Сандански“ е 13 клуб што успеал да ја понесе престижната трофеј во елитното европско натпреварување, но и шести различен во последните шест сезони. Македонија, пак, е шеста држава на континентот што од денеска може да се пофали со титулар во ЛШ за мажи по Шпанија, Германија, Франција, Словенија и Полска.

Ако синоќа беше урната Барселона со голот на Лука Циндриќ, вечерва е покорена Европа со голот на Иван Чупиќ. Хрватскиот репрезентативец ја презеде одговорноста во нападот што траеше седум секунди, доби топка од Душебаев, влезе од својата крлна позиција крај Геншајмер и го совлада Омејер за задржување на трофејот што минатата сезона го освои со Кјелце.

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2017/06/video-1496607794.mp4

Вардар ниту во финалето не оддаде впечаток дека е дебитант на завршните турнири во Лигата на шампиони. Речиси деноноќие по големата победа над големата Барселона, македонскиот првак храбро излезе на мегдан со уште еден ѕвезден европски состав и уште од првата минута сакаше да даде до знаење по што замина во Келн. Почна, играше и финишира во стил на клуб со шампионско педигре во елитата на стариот континент и како да има минато низ огромен број одиграни финални мечеви.

Не само што беа рамноправен партнер на „светците“ во воведните 30 минути туку во најголем дел од нив и водеа со два разлика (4:2, 5:3, 6:4, 7:5, 8:6, 9:7, 10:8), а во мал период им бегаа и три чекори на парижаните. Контролата на семафорот ја имаа до финишот на првиот дел во кој францускиот состав со серија од 3:1 замина на одмор со гол предност (12:11).

Вардарци останаа цврсто на земја и по враќање од солекувалната. Ја задржаа цврстината во одбрана, со мобилност во нападот го задржаа и солидното ниво на реализација (велиме солидно ако се има предвид дека на голот на ПСЖ е легендарниот Омејер, а пред него и „ѕид“ од високи и корпулентни играчи). Дочекаа на прослават и два гола од својата половина (Шишкарев и Абутовиќ) во ситуации по загубени топки на „светците“ без голман меѓу стативите. На крајот, по голот на Хрватот, дочекаа да прослават и севкупен триумф во Келн што ќе биде запишан со златни букви во македонската спортска историја.

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2017/06/video-1496607787.mp4

Најефикасен во финалето беше Тимур Дибиров со седум гола, Чупиќ, Циндриќ и Борозан постигнаа по три, меѓу стрелците се додадоа и Душебаев (2), Кањелјас (2), Шишкарев (2), Абутовиќ (1) и Марсениќ (1). Фантастичен беше Арпад Штербик кој на крајот го понесе и признанието МВП на завршниот турнир во шампионската лига. Најмногу голови за поразената екипа даде Никола Карабатич (5).

ПСЖ – Вардар 23:24 (12:11)

Сала: „Ланксес“ арена во Келн. Гледачи: 18.000. Судии: Ларс Гепел и Маркус Хелбиг.

ПСЖ: Омејер, Шкоф, Геншајмер 2, Мелгард, Акамбре, Степанчиќ 2, Конку, Бараше, Ремили 3, Абало 3, Л. Карабатиќ, Хансен 4, Нарсис 4, Нилсен, Н. Карабатиќ 5, Наи. Тренер: Звонимир Сердарушиќ.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 8 минути. Технички грешки: 5

Вардар: Штербик, Милиќ, Стоилов, Фереира Мораеш, Македа, Деревен, Карачиќ, Душебаев 2, Абутовиќ 1, Кањелјас 2, Циндриќ 3, Чупиќ 3, Дибиров 7, Шишкарев 2, Борозан 3, Марсениќ 1. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 8 минути. Технички грешки: 3.

Вардар Келн Лига на шампиони ракомет Фајналфор финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.