Голем пожар кај Рамно над скопско Мирковци во близина на воени објекти, ќе дејствува и хеликоптер на АРМ

epa01078480 A Macedonian Army helicopter extinguishes a forest fire near the village of Kopance 25 km. from Skopje on 27 July , 2007.Croatia, Turkey, Slovenia and Germany have sent firefighting aircrafts to Macedonia, to help the country solving the situation with the wild-fires. EPA/DARKO ANDONOVSKI

Поради комплексноста на состојбата и бидејќи пожарот од една страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка и од воздух, велат од ЦУК

Голем пожар е пријавен денеска попладне над селото Мирковци на патот за селото Бродец, кај местото Рамно во Општина Чучер Сандево.

Од ЦУК известуваат дека веднаш на терен излегле екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

– Поради комплексноста на состојбата и бидејќи пожарот од една страна е проширен кон високата дабова и букова шума од ридот, екипите се соочија со потешкотии при гаснењето на пожарот, при што беше неопходна поддршка и од воздух.  Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, преку секторот за операции и координација во ЦУК веднаш покрена постапка за подигање на армиски хеликоптер. На просторот каде што избувна пожарот се наоѓаат и воени армиски објекти, кои со поддршка на припадниците на АРСМ успешно се локализирани, информираат од Центарот за управување со кризи.

Се очекува дејствување од воздух и на армискиот хеликоптер.