Министерството за внатрешни работи (МВР) во голема акција вечерва во близина на Скопје заплени на 100 килограми марихуана. Освен заплената дрога, во акцијата има и преведени лица.

Акцијата се спроведува на влезот на Скопје, од страна на Тетово. Од МВР само потврдуваат дека акцијата е во тек, а детали најавуваат по нејзиното завршување, во текот на утрешниот ден.

Ова е втора голема заплена на марихуана во период од два дена, откако МВР и во текот на вчерашниот ден заплени околу 100 килограми марихуана.