Во Загреб во тек e нова голема операција на УСКОК и полицијата, во која досега се уапсени пет лица, меѓу кои се и неколку познати имиња на јавноста.

Според хрватските медиуми, уапсен е и генералниот директор на јавниот сервис на ХРТ, Казимир Бачиќ.

Апсењата се поврзани со сомневања за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација во Загреб, на крајот на минатата и во првата половина од оваа година.

Приведени се, наводно, и други познати личности: Здравко Краина, Денис Мохенски, Андреја Шулентиќ, Јелена Чеклиќ и Владимир Џаја.

Со соопштение се огласија и од Град Загреб.

„Утрово во 6:00 часот вработените во Државното правобранителство на Република Хрватска, Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, започнаа истраги во службените простории на градската администрација..

Градоначалникот Томислав Томашевиќ кусо изјави дека „новата градска администрација целосно ја поддржува независната работа на државните институции и дека ќе продолжи да се залага за транспарентност во работата на градската администрација, сите градски канцеларии, компании, институции и придружни организации “, соопштија од Градот Загреб.

FOTO HRT