Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гонзалез: Нивните напади седум на шест проблем за нас

0
By Нова ТВ on November 26, 2016 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 26, 2016 21:49

Вардар го доживеа првиот пораз на домашен терен во оваа сезона. Во последниот настап во СЦ „Јане Сандански“ во 2016 година, „црвено-црните“ загубија од Рајн Некар Левен со 26:29 (15:15) во меч од осмото коло во групата Б во Лигата на шампиони. Ларсен и Реинкинг постигнаа по седум гола за гостинската екипа, по шест за дадоа Кањељас и Борозан за домашната која и покрај конечниот минус беше поздравена од трибините и вратена на бис од соблекувалната.

„Прво полувреме добро, второ полошо. Не ги користевме нашите шанси и имавме проблеми со противничките напади со седум ракометари што беше случај и со Металург. Треба да обратиме внимание на тоа и да го решиме бидејќи и други екипи би можеле така против нас. Не успеавме да задржиме исто  темпо во сите 60 минути, не реализиравме неколку контри и сето тоа нè чинеше пораз“, рече Раул Гонзалез по мечот.

Четири моменти го пресудија победникот во мечот. Рајн Некар Левен, кој и овојпат беше без Дејан Манасков, изненади со нападите седум на шест на што вардарци тешко се справуваа. Тоа резултираше со многу голови и постојано водство на германскиот состав во вториот дел. Вториот момент беше средниот Ларсен од кого не се очекуваше дотолку да се размавне кога веќе беа детектирани Баења и Шмид како потенцијална најголема опасност. Беше лидер во тимот заедно со Реинкинд.

Третиот се однесува на гостинскиот голман Микаел Апелгрен. Ако во Франкфурт не одбрани ништо, во Скопје фати 13 топки и еден пенал. И последниот е наменет за домашните чувари а мрежата кои немаат свој ден. Милиќ забележа пет интервенции, Штербик само две.

„Ова издание на Рајн Некар Левен не е изненадување за нас. Очекувавме тежок натпревар со силно темпо. Германската екипа е сепак квалитетна. Не успеавме да одговориме на нивните напади со седум играчи, па на крај и резултатот е таков како е“, изјави Стојанче Стоилов, кружниот напаѓач на Вардар.

Вардар – Рајн Некар Левен 26:29 (15:15)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 5.000. Судии: Вацлав Хорачек и Јири Новотни (двајцата од Чешка)

Вардар: Штербик (2 одбрани), Милиќ (5 одбрани), Стоилов, Фереира Мораес 2, Македа, Деревен, Карачиќ 1, Душебаев 4, Абутовиќ, Кањељас 6, Циндриќ 2, Чупиќ 1, Дибиров 3, Шишкарев, Борозан 6, Марсениќ 1. Тренер: Раул Гонзалез

Седремци: 2/3. Исклучувања: 2 минути

Рајн Некар Левен: Апелгрен (13 одбраи, 1 седмерец), Шмид 4, Сигурдсон 2, Баења 2, Стинхаузер 4, Ларсен 7, Пекелер 2, Гроцки, Абт, Реинкинд 7, Гвардиола 1, Петерсон, Екдал, Бауер. Тренер: Николај Јакобсен.

Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 минути

Вардар Лига на шампиони Рајн Некар Левен ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.