Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Град Скопје со мерки од прв степен додека загадувањето на воздухот не падне под 100 микрограми на метар кубен

0
By Sashko on December 27, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена последователно е над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, во Лисиче, во Гази Баба и кај Ректорат, Градот Скопје ги информира граѓаните дека ги прогласува следните мерки од прв степен – предупредувања и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните:

– Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници

– Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје

– Ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје

– Интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од
градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината

– Зачестено машинско миење на градските улици и булевари во надлежност
на Град Скопје и препорака на скопските општини да го направат истото на улиците во нивна надлежност

– Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку
Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за
внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои
поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот
Скопје

– Апел до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на
работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз

– Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла

– Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18 часот.

– Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции

– Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во
согласност со поставената сообраќајна сигнализација

– Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот

– Откажување/одложување на јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено

– Препорака градежната механизација да не се става во употреба за време на
сообраќајниот метеж

– Да се користи јавниот превоз, возилата да се користат само во непоходни
ситуации

– За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено
машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа,
гуми и каков било синтетички материјал

– Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци

– Печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот

– Редовно да се чистат оџаците

Итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот се
согласно Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје кој е донесен од Советот на Град Скопје. Овие мерки ќе бидат во сила се додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар.

Град Скопје ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки и да го
сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања,
малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува.

Градот Скопје веќе започна со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи новата градска администрација. Овие комплементарни мерки за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните, ќе придонесат за намалување на нивото на загаден воздух во Скопје, а за секоја настаната промена на состојбата јавноста ќе биде редовно известена.

воздух Град Скопје Загадување Македонија мерки Предупредувања препораки Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.