Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е позитивен на Ковид-19 и хоспитализиран е на Инфективната клиника во Скопје.
Од локалната самоуправа во Струга потврдиле дека Мерко синоќа сам заминал кон главниот град и по извршениот преглед бил задржан на Клиниката за инфективни болести.
Во Струга вчера беа регистрирани двајца новозаразени со коронавирус, а активни случаи во оваа општина се 142. Вкупниот број заразени во Струга од почетокот на пандемијата е 547.