Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалници на средба со Комисијата за заразни болести

0
By Нова ТВ on June 19, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за заразни болести, според најавите, се очекува на денешниот состанок да ги повика и градоначалниците кои треба посилно да помогнат во справувањето со растечкиот број на заразени од коронавирусот. Сегашните 40-тина кластери во земјата се резултат на непочитувањето на мерките за лична заштита, дистанца и избегнување на групирања и собири. Доколку градоначалниците не успеат да делуваат врз свеста на граѓаните за почитување на мерките за носење маски и одржување дистанца, не е исклучено да се вратат построгите рестриктивни мерки. Тоа особено се однесува на неколку општини во земјата кои во последните две недели станаа растечки жаришта на Ковид-19.

Лажните податоци го шират вирусот

Директорката на здравствениот и санитарен инспекторат (ДЗСИ), Ирена Сотирова-Бухова вчера потврди дека зголемениот број новозаразени е исклучиво од непочитување на препораките, но и поради недавањето податоци за контакти.

„На терен на дневна основа се соочуваме со недавање на точни лични податоци. Во епидемиолошката анкета дава точно име, а презимето случајно згрешено со две или три букви, непостоечка адреса, телефонски број не постои, меил секако не. Тоа се податоците кои ги добиваме од одредени граѓани, лажни односно неточни“, рече Бухова.

Но, во некои случаи дури и точните податоци дадени при врачување на решенија за самоизолација, на терен завршуваат со изјави од типот „ова лице не живее тука со години“, „не го познаваме“, или со неотворање врати за да не се прими решението.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека ваквите и сите други случаи на непочитување на мерките треба да се санкционираат, затоа што тоа е сериозно загрозување на јавното здравје.

„Недозволиво е да се организира собир, а притоа да не се кажуваат контактите. Со санкционирањето да докажеме дека ова е сериозна работа, дека станува збор за заштита на јавното здравје, со превентивните мерки секој од нас се штити и индивидуално“, рече министерот во гостување на ТВ „21“.

Случајот од родилката – лекарка која се криеше дека имала контакт со лице позитивено на Ковид-19, преминува во надлежност на МВР, а истото ќе се преземе и за случајот со три родилки во Гинеколошката болница во Чаир, кои исто криеле контакти. Покрај лажните изјави, проблем прават и лица кои имаат решенија за изолација, но не ги почитуваат и шетаат. За критични точки се сметаат пазарите, автобусите од градскиот и меѓуградскиот превоз, парковите, итн.

Вклучен алармот во регионот

Епидемиолозите засега не може да дефинираат дали во моментот се случува втор бран или оваа состојба е практично екстензија на почетната состојба, бидејќи сега се прават повеќе тестови, а со тоа се откриваат и повеќе позитивни на вирусот. Истото прашање ги мачи и епидемиолозите во регионот, пренесува „Дојче Веле“, особено во земјите кои сметаа дека ја добиле битката и ги отворија границите, пред сè, поради туризам. Таков е случајот со Црна Гора и Словенија, каде повторно има нови случаи. Алармот се вклучи и во Хрватска, која извесен период немаше нови случаи, па и бројот на дневни тестирања беше сведен на симоболични 200 до 300. Сега повторно се соочуваат со фактот дека вирусот не познава граници.

„Засега не можеме да кажеме дали ова е почеток на втор бран, но состојбата секако е загрижувачка, бидејќи во шест дена бележиме 21 нов случај на зараза. Во нашето окружување, првенствено во БиХ, Србија и Македонија, минатата недела нагло порасна бројот на заразени, па постоеше оправдан страв дека тоа ќе се прелее и кај нас. Сега се зависи од тоа дали ќе ги успеееме да ги откриеме сите контакти на заразените и така да ја исконтролираме ситуацијата”, вели за хрватски медиуми, епидемиологот Бранко Колариќ.

Хрватскиот министер за здравство смета дека граѓаните не би било добро да ја напуштаат земјата, oсвен во крајна потерба, а шефот на епидемиолошката служба во хрватскиот Завод за јавно здравје, Бернард Каиќ, предупредува дека е евидентно оти се тестираат сè помал број на луѓе, што не е добро.

„Особено сега треба многу да тестираме, за веднаш да откриеме заразена особа, пред да го прошири вирусот“, вели тој, додавајќи дека има впечаток дека „сите прерано се опуштиле“.

И во Словенија со внимание ја следат состојбата. Шефицата на советодавниот штаб за Ковид-19 на словенечкото министерство за здравство, Бојана Боевиќ смета дека повеќето од новите случаи на заразени во Словенија се предизвикани од моменталниот режим на отворени граници. Во разговор за Радио Словенија таа истакнала дека веднаш треба да се преземат построги мерки нa границите, со особено внимание кон патниците од балканските земји каде што бројката на заразени расте.

Во Косово и Албанија во поседните денови има голем пораст на новозаразените, а Бугарија го дочека и новиот рекорд во изминатото деноноќие: од 2104 тестирани, позитивни се 132 лица, а шест ја изгубиле битката со вирусот со што бројката на починати достигна 190. Доколку овие трендови продолжат, се најавува дека не е исклучено земјите во регионот многу скоро да преземат нови мерки за превенција.

градоначалници граѓани Комисија за заразни болести Контакти Коронавирус Македонија препораки регион Свест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.