Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Градоначалниците на Валандово и Кавадарци нудат простор за детски дом

0
By Нова ТВ on June 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општина Кавадарци дава целосна поддршка за отварање мали групни домови  на нивна територија. Одлуката ја соопшти градоначалникот на Квадарци Митко Јанчев.

„Во изминатите денови сме сведоци на протести во селото Тимјаник поради одлуката на Министерството за труд и социјална политика за оспособување простор за мал групен дом за деца со попреченост во развојот. Општина Кавадарци дава целосна поддршка за отворање на мали групни домови. Отворени сме за соработка со Министерството за труд и социјална политика со сите ресурси кои ги има на располагање Општина Кавадарци, пишува градоначалникот Митко Јанчев, кој додава дека „секое дете заслужува безгрижно детство , да расте во средина која нуди добри услови и секое дете има право на грижа и топла прегратка“.

По протестите во Тимјаник, синоќа се обрати и градоначалникот на Валандово Перо Костадинов кој рече дека  Општината е подготвена да отстапи простор за лицата со попреченост.

„Општина Валандово е подготвена да отстапи простор и да создава услови за хумани дневни центри за лицата со попреченост кои заслужуваат еднакви шанси“ рече Костадинов.

Вчера жителите на Тимјаник каде што се отвори дом за мала група на деца со посебни потреби, протесетираа со барање домот да се дислоцира.

Жители на неготински Тимјаник, тврдејќи дека се загрижени за безбедноста на своите деца, се противат четири деца со интелектуална попреченост да бидат смесетени во новиот мал групен дом.

„Нема да дозволиме Тимјаник да стане Демир Капија. Нашите деца од нормални, ќе станат нездрави! Да си го повлечете проектот!“, извикуваа жителите на Тимјаник.

Министерката за труд Царовска рече  дека во  домот децата ќе имаат 24 часовна нега и грижа од цел тим и дека овие деца не можат да наштетат никому.

Овој процес на ресоцијализација што започнува годинава треба да заврши за две до три години. Центарот во Неготино и тој во Тимјаник се дел од проектот за деинституционализација на штитениците од Заводот во Демир Капија каде има вкупно 216 лица. Со проектот е предвидено за две до три години сите тие да бидат ресоцијализирани и вклучени во општеството, а не во големи, безлични и сегрегирачки институции. Тој е поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и од Европската Унија.

Во Демир Капија може да остане само еден медицински дел за најтешките случаи.

 

Валандово Кавадарци мали групни домови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.