Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГРЕКО: На министрите и полицајците им требаат часови за етичко однесување и конфликт на интерес

0
By Соња Петрушевска on June 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 27, 2019 16:15

Групата на земји за борба против корупцијата – ГРЕКО во последниот Извештај за Македонија предлага 23 препораки за справување со корупцијата во извршната власт и полицијата.

ГРЕКО бара поголема транспарентност од министрите при ангажирањето на советници – ниту едно министерство, освен Кабинетот на премиерот, не ги објавува јавно имињата на советниците кои ги ангажирал, нивните плати и задачите кои ги извршуваат. Освен ова, ГРЕКО бара да се смени и етичкиот кодекс за функционерите и во него да се предвидат и парични и други казни за министрите кои ќе го прекршат.

„Пратениците донесоа Кодекс во кој наведоа дека секој подарок поскап од 100 евра треба да се пријави и подарокот да остане во институцијата. Иста ваква одредба се бара да има и во етичкиот кодекс за министрите. Треба  да се води и регистер на подароците за да се знае каде се. Друг пример е со службените патувања – ако на пример министер на службен пат го придружува  неговата сопруга или сопруг – патувањето треба да се плати од приватен џеб, а не од државната сметка. За сите овие прекршувања треба да има и парични казни за министрите“ објаснува Ана Павловска Данева, шеф на делегацијата на нашата држава во ГРЕКО.

Обуките за тоа што значи етичко однесување, интегритет и како да се спречи конфликт на интереси, треба да ги спроведува ДКСК.

Инаку, министрите имаат право да ангажираат тројца надворешни и тројца советници кои веќе се вработени во администрацијата.

За советниците ангажирани во Кабинетот на Заев – околу 50, ГРЕКО нема забелешки на бројот, но инситира на проверки за евентуален конфликт на интереси,  односно дали советникот со својата позиција може да влијае за унапредување или за други интереси на негови блиски лица.

Ваков тест за евентуален конфликт на интерси треба да се спроведе и врз актуелните – веќе ангажирани советници во Кабинетот на Заев.

Најголем број од препораките се за полицијата – ГРЕКО бара да се промени Законот за полиција и да се прецизираат критериумите за избор на директорот на Бирото за јавна безбедност.

Директорот на Бирото за јавна безбедност треба да се избира преку професионални критериуми, а не со општи квалификации како што се сега, кога може секој да биде директор на БЈБ. Професионалните критериуми ќе бидат и некој вид на  гаранција дека тој ќе биде професионалец и дека нема да биде сменет кога ќе се промени власта.

Во однос на внатрешната контрола во МВР, ГРЕКО забележува дека ова тело кое треба да одлучува за сите прекршувања од страна на полицајците „не е доволно издвоено од евентуално политичко влијание и влијание од страна на министерот“.

ГРЕКО инсистира и на поголема транспаретност од полицијата и бара јавно да се објави и биџетот со кој располага и како се троши.

Ана Павловска Данева, шеф на делегацијата на нашата држава во ГРЕКО денеска кажа дека „неработењето на СЈО или на Јавното обвинителство, слободата и не слободата на медиумите или партизацијата или непартизацијата на администрацијата,беа дел од четвртиот круг на ГРЕКО спроведен од 2013 до 2016 година и се однесуваат на претходната Влада“.

ГРЕКО, во овој Извештај истражува состојби за корупција и интегритет во министерствата, посебно во МВР и во Кабинетот на премиерот.

Овие прпораки Мкаедонија треба да ги исполни во рок од 18 месеци односно до 30 септември следната година.

 

ГРЕКО министри полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.