Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гренланд го одби Трамп: Не сме на продажба

0
By Нова ТВ on August 17, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 17, 2019 13:47

Гренланд порача дека „не е на продажба“ по јавно искажаната желба на американскиот претседател, Доналд Трамп за купување на најголемиот остров во светот, пишува „Би-Би-Си“. Првиот човек на САД на состаноците и вечерите со своите советници, наводно, ја разгледувале идејата за купување на Гренланд кој е автономна територија на Данска. Но, Владата на островот категорично ја отфрли таквата можност и порача дека е отворена за соработка, но не и за продажба.

Весникот „Вол Стрит Журнал“, кој прв ја објави намерата за купување на Гренланд, тврди дека претседателот за неа говорел со „различни нивоа на сериозност“. Извори, пак, што беа цитирани од други медиуми со различни гледишта. Едни сметаат дека Трамп се шегувал додека други виделе сериозна намера кај претседателот за проширување на територијата на САД.

„Гренланд е богат со природни ресурси како минерали, најчиста вода и мраз, големи залихи на риби, морски плодови, обновливи извори на енергија и има огромен потенцијал за авантуристички туризам. Отворени сме за економска соработка, за продажба не“, стои во пораката на Министерството за надворешни работи на Гренланд објавена на социјалните мрежи.

И премиерот на Островот, Ким Киелсен, го повтори таквиот став во посебно обраќање.

„Гренланд е самостојна територија на Кралството Данска и како таков мора да се почитува. Би сакале да соработуваме со САД и во тоа нема сомневање, но независни сме и самите одлучуваме кои ќе бидат наши пријатели“, нагласи Киелсен.

По Австралија, која се дефинира на континент, Гренланд е најголем остров во светот и автономна територија на Данска.

Гренланд Данска Доналд Трамп САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.