Руски транспортен авион од типот „Антонов“ се урна денеска во регионот на Иркутск во источен Сибир и според неофицијалните информации загинаа две лица.

Карго авион од типот „Ан-12“ исчезна од радарите додека се подготвуваше за слетување, на седум километри од Иркутск, во зона на населбата Пивоварика. Според прелиминарните податоци, во авионот се наоѓале осум лица, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

На лице место пристигнаа спасувачки и противпожарни екипи. Авионот се запалил, а пожарникарите сè уште го гасат леталото. Како можни причини за падот на авионот се разгледува евентуална грешка на пилотот при вториот обид за слетување или технички дефект, порача извор од воздухопловството на Русија за агенцијата ТАСС.