Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција ја модернизира својата воздухопловна флота

0
By Нова ТВ on April 29, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грција најави дека стартува со модернизација на својата воздухопловна воена флота составена од американски Ф-16 авиони. Оваа програма се одложува веќе 6 месеци поради презадолженоста на земјата. Грција е загрижена за својата безбедност поради се поголемата тензија со Турција.

Одлуката за модернизација беше донесена вчера на итен состанок на владата воден од премиерот Алексис Ципрас на кој приствуваа министрите за надворешни работи и одбрана.

«Советот едногласно одлучи примена на програмата за модернизација на 85 летала», соопшти кабинетот на премиерот. Одлуката се базира врз претходна согласност на САД на грчкото барање за ревизија на леталата. Барањето до САД подвлекува дека треба да се земат во предвид буџетските обврски на Грција во наредните години.

Министерот за одбрана Панос Каменост изјави дека леталата ќе бидат модернизирани на ниво на Ф-16 Viper но нема податоци за цената или роковите за испорака.

Грчката флота има 150 Ф-16 авиони. Програмата беше најавена во октомври 2017 година за време на посетата на Ципрас на Вашингтон. Но, веднаш потоа владата беше остро критикувана поради наведената цена која изнесува 2,4 милијарди долари за период од 10 години.

Атина потоа изјави дека ќе бара цената да падне на 1,3 милијарда долари за да може цената да влезе во рамките на буџетот од 2 отсто што Грција го троши за одбрана.

Грција е една од шесте земји членки на НАТО што издвојува 2 отсто од буџетот за одбрана, како што тоа го бараат обврските на Алијансата. Освен САД (3.58 отсто од буџетот за одбрана) и Грција, 2 отсто од буџетот за одбрана издвојуваат Велика Британија, Естонија, Романија и Полска.

Според Ципрас, некои од авионите датираат од крајот на 80те години и нема да можат да летаат ако не бидат модернизирани. Овие авиони често го надлетуваат Егејското Море. Грција ја обвинува Турција дека се повеќе го нарушува грчкиот воздушен и воден простор.

буџетски долг воздушна флота Грција САД тензии Турција Ф-16
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.