Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Звуци на војна на реката Еврос

2
By Нова ТВ on April 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 21, 2018 15:18

Автор: Кристоф Шикле*

Македонија и Грција веќе неколку месеци работат на доближување на нивните ставови околу проблемот со името. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, човек ослободен од национализам, сака да го реши овој анахрон спор креиран од страна на грчките шовинистички кругови, и десните и левите, во 1991-92 година.

Накусо, за владата на Сириза, коалиција на радикалната левица, време е да му се стави крај на глупавиот спор, спор што доаѓа од некое друго време и не носи никаква корист. Борбата на оваа влада е пред се насочена кон Брисел а не кон Скопје но исто така насочена и кон Анкара.

Грчката дипломатска офанзива за смирување на Балканот, преку доближувањето со Македонија и Албанија, воопшто не му се допаѓа на новиот султан во Анкара Реџеп Таип Ердоган. Така, тој одлучи да ги заостри односите со Грција.

Инцидентите се множат. Се нарушува воздушниот простор на Грција од страна на турски воени авиони но најопасниот инцидент се случи во февруари кога воен турски брод намерно удри во брод на грчките чувари на границата.

Турскиот претседател веќе извесно време го доведува во прашање договорот од Лозана од 1923 година, што значи границите помеѓу Грција, Турција и Бугарија. Ова е дипломатска провокација во се уште чувствителниот Балкан. Да се потсетиме дека по псеудо воениот удар од јули 2016 година, Ердоган го повикуваше турското малцинство во Грција, Бугарија, Македонија, Босна па дури и во Албанија и Косово да излезат на улица на протести за да му дадат поддршка. Слободно може да се каже дека станува збор за мешање во внатрешните работи на независни земји.

На 3 март Турција одлучи уште еднаш, овој пат уште поотворено, да ја провоцира Грција. Атина го прими во посета “нео-султанот” на 7 и 8 декември 2017 година во знак на отвореност и желба за пријателство. Тој ден во Атина Ердоган плукна врз договорот од Лозана и побара сопственост на островчињата во Егејското Море. Ципрас беше толку многу изненаден што не знаеше како да одговори на оваа дипломатска навреда. Тој тогаш не разбра дека Турците, помеѓу другото, сакаат да го спречат и доближувањето на Грција со Македонија и Албанија.

Така, на тој 3 март, на грчко-турската граница во Тракија, на реката Еврос (Марица), студеше и врнеше ситен дожд. Овој регион е најмилитаризираниот во Европа од крајот на студената војна. Турската, грчката и бугарската армија таму се гледаат преку нишани.

Над 95 отсто од границата се наоѓа во реката Еврос. Потребен е брод за да се мине од Грција во Турција и обратно. Нема начин и никаква шанса да се загубите.

Но, наспроти тоа, постои еден мал дел на копнената граница договорена помеѓу Кемал Ататурк и Елефтериос Венизелос во 1923 година. Железничката станица на Едирне-Андринополис се наоѓаше на десниот грчки брег од реката. Така Грција и го даде на Турција регионот на селото Карагатис. Грчкото и бугарското население беше избркано. Карши, се наоѓа грчкото село Кастаниес. Само 300 метри ги делат воените караули.

На 3 март, полковникот Ангелос Митретодис, 25 години и војникот Димитри Куклаџис, 27 години, беа во патрола на границата но на грчка територија. Од другата страна се наоѓаше 54та бригада на турската војска и пет бригади на специјалните сили. Командо група на овие специјални сили влезе десетина метри на грчка територија, ги киднапирапе двајцата војници и ги затвори со тврдината на Едирне.

Кога има инциденти на границата, проблемот редовно се решава во неколку дена, па дури и неколку часа. Но, не овој пат. На Ердоган му требаат заложници. Имено, на 16-17 јули 2016 година, за време на неуспехот на воениот удар во Турција, осум турски офицери со хеликоптер заминаа за Грција каде што побараа политички азил.

Анкара бара нивна екстрадиција тврдејќи дека тие се терористи. Но, осуммината турски офицери знаат повеќе отколку што треба за овој чуден воен удар и МИТ, тајните служби на Турција кои работат за Ердоган.

Така, Турција ги уапси двајцата грчки војници со желба да се направи размена со турските офицери. Атина одбива.

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос (кој не е анти-македонски националист како што често се тврди), испрати 7.000 војници на грчко-турската граница на Еврос на островот Икариа и ја стави грчката морнарица во максимална подготвеност.

* Кристоф Шикле е француски новинар и историчар, експерт за Балканот и добар познавач на Грција и Македонија. Тој е автор на повеќе книги на оваа тема помеѓу кои “Косово/ стапица” (2000 година) во соработка со Бернар Равел, “Република Македонија” (1999 година) во соработка со Бернар Лори и “Грчките комунисти во војната” (1987 година)

Алексис Ципрас војници Грција Еврос Инцидент Кристоф Шикле Марица Реџеп Таип Ердоган Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.