Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција планира „здравствен пасош“ за влез на странски туристи во земјата

0
By Нова ТВ on April 22, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 22, 2020 11:14

„Здравствен пасош“ е една од мерките за безбеден влез во Грција што би можела да се воведе за време на туристичката сезона, односно туристите да се тестираат за ковид-19 пред да влезат во авион во нивните матични земји, истакна грчкиот министер за туризам, Харис Теохарис.

Во интервју за грчката телевизија „Скај“, тој рече дека една од методологиите е да се прават тестови на оние кои доаѓаат, а за да го објасни процесот го употреби терминот „здравствен пасош“, што во пракса би значело германски турист да се тестира во Германија за ковид-19 пред да пристигне во Грција.

„Ако се согласиме сите, тогаш тестовите може да бидат при влез, пристигнувајќи на аеродромите и така да имаме многу подобра методологија и помалку проблеми“, рече Теохарис.

Според надлежниот министер, целта на Грција е да се отворат „портите за влез во земјата“, бидејќи како што објасни, туризмот е важен дел од економијата и додаде дека за фокусот за почеток е на месеците јули, август и септември, а долгорочно и на септември и октомври.

Теохарис објасни дека постои интерес од странство, повеќе нема откажувања на аранжмани, а тие како Министерство имаат континуирана комуникација со големите туроператори за да се наполнат големите хотели.

„Она што очекуваат туроператорите е да се договориме околу здравствените процедури за да можеме да создадеме доверба кај гостите, кај посетителите, од една страна, а од друга страна да соопштиме јасен временски период, за кој сме во разговори и со Националната организација за јавно здравје за кога ќе започне соопштувањето на конкретниот временски рок, да можеме да одредиме и конкретен датум за отворање на сезонските хотели“, објасни Теохарис.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, рече дека туризмот е „едно многу сложено прашање“, за кое е потребно да се најде решение за низа аспекти. Како пример го наведе транспортот и додаде дека и за оваа тема, како и за останатите што се дел од владиниот план за постепено враќање во нормала, наредната седмица, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ги информира граѓаните.

„Здравствен пасош“ Грција Коронавирус мерка туризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026Updated:June 12, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави и Иран се на чекор до…

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.