Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Иванов да ја повлече одлуката, СЈО да продолжи да работи

0
By Нова ТВ on April 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Пратеникот од ДУИ Артан Груби вели дека кризата мора да се реши веднаш „затоа што целото општество е веќе преуморно од отсутноста на нормалноста, стабилноста, сигурноста, мирот, од немањето можност за развивање на бизнис, на отварање на нови работни места и развој на економијата, но и од секојдневната можност за судири и насилство“.

Груби, кој воедно е и шеф на Кабинет на лидерот на ДУИ Ахмети, ова го напиша на Фејсбук профилот.

– Во крајна инстанца и во било кои околности, кризата ќе заврши преку одржување на слободни, демократски и кредибилни избори на кои граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат и да ја ориентираат иднината на земјата, смета тој.

– Аболицираните од Иванов треба ведаш да побараат од него да ја повлече одлуката, а тој самиот мора да најде правен начин за итно повлекување на одлуката која што беспотребно ја искомпликува ситуацијата уште повеќе, но и поттикна бранови на протести.

Државната изборна комисија, како независна институција составена и од експерти, треба да продолжи со работата за прочистување на избирачкиот список без никакво влијание од политичките партии и ги канам граѓаните да дадат свој удел во овој процес при јавниот увид во избирачкиот список.

Секое заплашување на гласачите мора да се санкционира веднаш и ги повикувам граѓаните и јавната и државната администрација веднаш и јавно да ги укажат сите обиди за изборни заплашувања.

Медиумите исто така имаат можност да дадат огромен придонес во враќањето на нормалноста преку правично известување без заземање страни и придонесувајќи кон конструктивна атмосфера преку коректни прилози и еднаква вклученост на сите страни.

Специјалното обвинителство треба да продолжи со својата транспарентна работа, без партиски политички, етнички, верски ниту групни влијаниа, но во согласност со законот и владеењето на правото заедно со подршка од сите нас, вели Груби.

ДУИ Иванов избори криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.